Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Binance го слави Меѓународниот ден на жената со глобални настани за финансиска еманципација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Binance го слави Меѓународниот ден на жената со глобални настани за финансиска еманципација
Blog

Binance го слави Меѓународниот ден на жената со глобални настани за финансиска еманципација

Објавено March 7, 2025 16:49
Сподели
Сподели

Водечкиот глобален лидер во крипто-индустријата Binance го одбележува Меѓународниот ден на жената со организирање бесплатни едукативни и мрежни настани низ светот, со цел да ги мотивира и инспирира жените да се вклучат во крипто-индустријата. Оваа иницијатива им овозможува на жените пристап до вредни знаења, ресурси и поддршка, помагајќи им да изградат финансиска независност и да ги прошират своите можности во светот на дигиталните финансии.

Настаните ќе се одржат од 5 до 15 март во 11 градови на пет континенти, вклучувајќи ги Хо Ши Мин (Виетнам), Дубаи(УАЕ), Милано (Италија), Мадрид (Шпанија), Најроби (Кенија), Кејптаун (Јужноафриканска Република), Буенос Аирес (Аргентина), Саун Паоло (Бразил), Мексико Сити (Мексико), Ломе (Того) и Астана (Казахстан). Програмата вклучува едукативни работилници, панел-дискусии и можности за вмрежување, во пријателска и поддржувачка средина каде што жените ќе можат да научат повеќе за дигиталните средства и да се поврзат со лидерки од локалните заедници.

„Binance останува посветен како лидер на зголемување на родова разновидност во крипто и технолошката индустрија. Денеска, жените сочинуваат 40 проценти од нашиот тим и половина од нашиот маркетинг сектор” изјави Рејчел Конлан, маркетинг директор на Binance.

„Иако е постигнат напредок, сѐ уште има доста работи кои треба да се направат за да има повеќе жени во крипто индустријата. Преку нашите настани за Меѓународниот ден на жената, сакаме да ги славиме и инспирираме жените, да ги зајакнеме финансиски и да им помогнеме полесно да пристапат до знаење и учествување во индустријата“, додаде Конлан.

Оваа иницијатива е дел од пошироката мисија на Binance за создавање инклузивен крипто-екосистем што е попристапен за сите како и за намалување на родовите разлики во блокчејн и Web3 технологијата.

За Binance
Binance е водечка глобална блокчејн платформа и најголема берза за крипто-валути според трговскиот обем и бројот на корисници. Со над 250 милиони корисници во повеќе од 100 земји, Binance нуди сигурност, транспарентност, врвна технолошка инфраструктура, брз систем за тргување и најважно заштита на инвеститорите. Покрај тргување и финансии, платформата нуди услуги во образованието, истражувањата, општествената одговорност, плаќањата, услугите на институциите и Web3 технологијата. Binance останува посветен на изградба на финансиски послободен свет со криптовалутите како основен фактор на промени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангеловска-Бежоска: Членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата
Следна Статија Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани-Штип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Последни понуди на Google Store за Pixel уреди – не пропуштете ги!

Google Store ги објавува своите финални понуди за празничната сезона 2025 година на Pixel уреди со атрактивни услови.

December 24, 2025
Blog

„Боинг“ планира да отпушти десет проценти од работниците

Боинг ќе ја намали работната сила за една десетина, отпуштајќи 17.000 вработени, и ќе го пролонгира производството додека производителот на…

October 12, 2024
Blog

Сем Алтман откри како секоја генерација го користи ChatGPT

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман откри како ChatGPT се користи на различни начини во зависност од возраста на корисникот.…

May 14, 2025
Blog

Резултати од универзитетски фудбал, рангирања и highlights во 13-та недела

Неколку кандидати за College Football Playoff јасно ги прикажаа своите квалитети во претпоследната недела од редовната сезона

November 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?