Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кремљ за разговорот на Путин со Вучиќ: Доаѓа во Москва заедно со српска војска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кремљ за разговорот на Путин со Вучиќ: Доаѓа во Москва заедно со српска војска
СВЕТ

Кремљ за разговорот на Путин со Вучиќ: Доаѓа во Москва заедно со српска војска

Објавено March 7, 2025 19:27
Сподели
Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ, а Кремљ по разговорот излезе со соопштение во кое меѓу другото ја истакна поддршката за властите во Белград и противењето на какво било странско влијание врз внатрешните работи на Србија, пренесе Индекс.

Според Кремљ, Путин му рекол на Вучиќ дека „надворешното мешање во внатрешната политичка ситуација во Србија е неприфатливо“ и изразил поддршка за постапките на легално избраната влада во Србија. Покрај тоа, Москва особено ја нагласи „солидарноста со претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, се вели во официјалното соопштение на Кремљ објавено по разговорот.

Во текот на разговорот, Путин и Вучиќ, како што се наведува во соопштението, „ја потврдиле меѓусебната подготвеност за дополнително зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Русија и Србија, кое се заснова на духовните, културните и историските врски на народите на двете земји“.

Кремљ наведува и дека „посебно внимание било посветено на конкретни прашања за понатамошна соработка во различни сектори, пред сѐ во областа на енергетиката“.

Вучиќ, наведува Кремљ понатаму, потврдил дека во мај ќе отпатува за Москва за да ја одбележи 80-годишнината од победата во Втората светска војна и дека Србија ќе испрати припадници на своите вооружени сили на воената парада на 9 мај.

Во соопштението се додава дека Путин го искористил разговорот за да му честита роденден на Вучиќ. „Владимир Путин ја искористи можноста да упати топли честитки до претседателот на Србија за неговиот неодамна прославен 55-ти роденден“, соопшти Кремљ.

Беше најавено и дека „контактите на различни нивоа ќе продолжат“, се заклучува во официјалното соопштение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Извршен е вандалски чин врз манастирот Пресвета Богородица во с. Матејче
Следна Статија Денеска се одбележува 8-ми март, светскиот ден на борбата на жените за родова рамноправност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кој беше убиен во израелскиот напад врз Иран? Воени команданти, нуклеарни научници…

Според иранските државни медиуми, во израелската операција чија цел беше да се спречи напредокот на нуклеарната програма на Иран, беа…

June 13, 2025
СВЕТ

ВИДЕО I Во Јапонија со молотови коктели нападнато партиско седиште, удар и на канцеларијата на премиерот

Јапонецот Асунобу Усута (49) утринава фрлил предмети за кои се верува дека се молотови коктели кон седиштето на владејачката Либерално-демократска…

October 19, 2024
СВЕТ

Маѓар: Унгарија, засега, не може без руската нафта

Петер Maџар, лидерот на партијата Тиса, која победи на изборите во Унгарија, изјави дека земјата не може да си дозволи…

April 16, 2026
СВЕТ

Прва жена премиерка на Јапонија – сака хеви метал, свири тапани, се спротивставува на истополовите бракови

Конзервативката Санае Такаичи ќе стане првата жена премиерка на Јапонија откако вчера беше изгласана во парламентот. Ова е историски момент…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?