Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград
БАЛКАН

Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград

Објавено March 8, 2025 20:57
Сподели
Сподели

Студентите од Универзитетот во Ниш кои се пријавиле дека пеш ќе одат на протестот што ќе се одржи во Белград на 15 март, утре во 6 часот со автобус ќе заминат до манастирот Манасија кај Деспотовац, а потоа оттаму во текот на претпладнето ќе се упатат кон главниот град на Србија.

Најавено е дека студентите ќе пешачат прво до Свилајнац, потоа до Смедеревска Паланка, Пожаревац, Смедерево, Баваниште, Панчево и до Белград.

Студентите кои се пријавиле да патуваат до Белград со велосипед ќе тргнат на протестот в понеделник на 10 март.

Велосипедистите ќе патуваат по патеката што води од Ниш преку Вукашиновац, Крушевац, Мрчајевци, Чачак, Горњи Милановац, Љиг, Лазаревац и Обреновац, до Белград.

Неформална група студенти од Универзитетот во Ниш која организира протести и блокади ги повика граѓаните на Ниш да учествуваат на утрешниот протест пред градското собрание кој ќе биде организиран под наслов „Несреќните 13“.

Како што е најавено, нема да има протестен марш, туку акцентот ќе биде ставен на сеќавањето на корупциските скандали кои ги одбележаа последните 13 години од животот на луѓето во Србија, пренесе Бета.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Луѓето кои никогаш не се дебелеат го практикуваат овој генијален трик за појадок
Следна Статија Маж од Јосифово со остар предмет му нанел убодна рана на соселанин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Рама ја собра албанската дијаспора во Њујорк, следи Солун

Го барам вашиот глас од Америка за да ја направиме Албанија членка на ЕУ во 2030 година и да го…

October 26, 2024
БАЛКАН

Бојкотот дава резултати: Трговскиот синџир „Кауфланд Хрватска“ најави пониски цени за над 1.000 производи

Хрватските медиуми денеска се преполни со фотографии од празни дуќани, откако граѓаните беа повикани на општ бојкот не само на…

January 31, 2025
БАЛКАН

Албанија отвори нов кластер во преговорите за членство во ЕУ

Албанија направи нов значаен чекор во преговорите за членство во Европската Унија, отворајќи го Кластерот 4, кој се однесува на…

September 16, 2025
БАЛКАН

Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица

Силна експлозија се случи синоќа во селото Варага во Зубин Поток, северно Косово, од која е оштетен водоснабдувачкиот систем Ибар-Лепенец…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?