Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пренџов: Членот на Судски совет, Чачарова-Илиевска освен што била правна советничка на Заев, била и донатор на СДС во повеќе наврати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пренџов: Членот на Судски совет, Чачарова-Илиевска освен што била правна советничка на Заев, била и донатор на СДС во повеќе наврати
МАКЕДОНИЈА

Пренџов: Членот на Судски совет, Чачарова-Илиевска освен што била правна советничка на Заев, била и донатор на СДС во повеќе наврати

Објавено March 11, 2025 16:26
Сподели
Сподели

На денешната собраниска седница на која се дискутира за интерпелациите на членовите на Судски совет, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кажа дека членката на Судскиот совет, Тања Чачарова-Илиевска јавно кажала дека нема да присуствува на собраниската седница, за јавноста да не се сомнева дека била во Дубаи на отворање на 82-катницата од страна на поранешниот премиер Зоран Заев.


Пренџов нагласи дека за разлика од другите членови на Судскиот совет, таа била истакната како личен адвокат на Зоран Заев.

„Таа е посочена како личниот адвокат на Заев. Се започна во 2017 кога на чело на судските реформи се стави нејзиниот другар и поранешен премиер Зоран Заев, година и пол, две, беше на чело на тие судски реформи, за тој период, двете мерки си ги избриша видео снимките од обвинителството, сите обвиненија му се тргнаа и кога си обезбеди правна сигурност и заштита, се повлече и ги остави тие судски реформи да ги прават Бујар Османи и компанија, па имавме план 3-6-9, но Чачарова-Илиевска била вклучена во сите планови’’, истакна Пренџов.

Тој потенцираше дека судството и Судскиот совет, не било независно бидејќи таа била донесена за член на Судски совет откако претходно била советничка на екс премиерот Зоран Заев.

„Случајно поранешниот премиер Зоран Заев, случајно ја поканил да му биде советничка, бидејќи таа била некој правен авторитет, за којшто само тој и кланот Заеви претходно имале слушнато и така таа дошла во неговиот кабинет правно да го советува, некое време додека не направи простор во Судскиот совет за да стане член’’, рече Пренџов.

Пратеникот додаде дека таа не била само адвокат личен на Заев, туку била и донатор на СДС.

„Случајно, неколку пати донирала пари во СДС. Во 2018, донирала 5540, па 7500, 5600, па потоа дала 16000, па 7500, па потоа донирала нови 17200 денари и така натаму. Луѓе кои донирале пари во СДС, од ова собрание биле гласани како независни експерти, како правни величини и како луѓе коишто требаше да донесат право и правда во Македонија“, заклучи Пренџов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми
Следна Статија Пожар во беровско Ратево – жителите повикани да помогнат во гаснењето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дали е легално да се вршат градежни работи во трета смена, по 22 часот?

Дали е легално да се вршат градежни работи во трета смена, по 22:00 часот?, прашуваат од „Во одбрана на Буњаковец“…

October 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски на Анталија Дипломатски Форум: Имаме потреба од јасен и опиплив пат напред кон полноправно членство во Европската Унија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес се обрати на панел-дискусијата „Регионална одговорност за просперитетна иднина на…

April 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

НОМАГАС: Испораката на гас треба да се стабилизира утре

НОМАГАС АД Скопје попладнево соопшти дека известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред за…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче немал златна виза за Дубаи

За обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека поседува златна виза за Дубаи, претседателот на СДСМ, Венко Филипче целосно демантираше. Тврди дека нема…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?