Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
ХРОНИКА

Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино

Објавено March 11, 2025 16:34
Сподели
Сподели

Здружението „Анимал Лаверс“ – Струмица со огромна загриженост ја информира јавноста за свирепото убиство на кучето Рекс, кое беше застрелано со огнено оружје во селото Муртино, струмичко, на 27 минатиот месец. Полицијата потврдила дека сторител на овој грозоморен чин е малолетно лице, а случајот веќе е предаден на Јавното обвинителство.

За Здружението овој настан отворил сериозни прашања за безбедноста во општеството.

-Како е возможно малолетник да поседува и да ракува со огнено оружје? Дали во семејството на сторителот децата се учат да користат оружје? Дали надлежните институции ќе дозволат ова злосторство да помине неказнето? Каква порака се испраќа до идните генерации доколку ваквите случаи останат без соодветна правна разрешница?, прашуваат од Здружението.

Од „Анимал Лаверс“ очекуваат од надлежните органи итно да одговорат дали некој од семејството на малолетникот поседува дозвола за оружје, кој вид на оружје е користен во овој случај, дали оружјето е одземено и дали ќе следуваат санкции за неговото незаконско поседување.

Како граѓанска организација, бараат најстрога примена на законите за заштита на животните, одговорност за малолетникот и неговите родители и итна контрола и санкции за незаконско поседување оружје.

-Научните истражувања покажуваат дека насилството врз животни често претставува индикатор за идно насилничко однесување, вклучително и криминални дејствија кон луѓето. Не смееме да дозволиме вакви инциденти да останат без последици, се наведува во соопштението од „Анимал Лаверс“.

Ги повикуваат сите граѓани да ја подигнат свеста и да бараат правда за Рекс, бидејќи ова не било само прашање на заштита на животните, туку и на безбедноста на целото општество.

Инаку, како што веќе беше порано објавено од полицијата во кучето било пукано со воздушна пушка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожар во беровско Ратево – жителите повикани да помогнат во гаснењето
Следна Статија Извршени две трансплантации – на деформитет на стапало и на преден вкрстен лигамент на колено

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се заканил со убиство кон функционери на политичка партија: Поведена постапка за загрозување на сигурноста против тетовец

Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано…

October 31, 2025
ХРОНИКА

Истрагата за пожарот во кочанската дискотека проширена и со сопственикот на објектот

Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка со која ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека…

May 28, 2025
ХРОНИКА

Полициски службеник „падна“ за 50 евра поткуп

Под раководство на надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања…

January 18, 2025
ХРОНИКА

Возела пијана, предизвикала сообраќајка и избегала – приведена тинејџерка од Радовиш

Вчера во 06.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К.(19) од Радовиш. Taa…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?