Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски од ГП „Маркова нога“: Треба да се поврзуваме, само така ќе бидеме во оптиката на поголемите држави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски од ГП „Маркова нога“: Треба да се поврзуваме, само така ќе бидеме во оптиката на поголемите држави
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од ГП „Маркова нога“: Треба да се поврзуваме, само така ќе бидеме во оптиката на поголемите држави

Објавено March 12, 2025 13:59
Сподели
Сподели

По повеќе од 50 години денеска почнаа градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница. Со отворањето се очекува да се отвори простор за економска, туристичка соработка и културна размена меѓу двете држави.

-Денеска е посебен ден за Преспа. Овој граничен премин е само уште еден чекор кон поврзување на двете Преспи од едната и другата страна на границата и мислам дека ваквите примери се позитивни и за двете држави и во таа насока треба и понатаму да се градат односите, да се поврзуваме затоа што само на тој начин можеме да бидеме во оптиката на поголемите држави.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски кој заедно со евроамбасадорот Михалес Рокас и постојаниот претставник на Програмата за развој на ОН (УНДП) Армен Григорјан, присуствуваше на поставување на камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“, а беше и во посета на Ресен заедно со градоначалникот.

За техничките карактеристики, инвестицијата и сето поврзано со изградбата на овој граничен премин, Мицкоски се заблагодари на Европската Унија, УНДП, на општините кои се опфатени.

Инаку, проектот опфаќа изградба на административна зграда на Царинската управа со површина од околу 360 метри квадратни, како и изградба на канцеларија за осигурителна компанија, резервоар за вода, армирано-бетонски пропусти, водоснабдување и канализација, потпорни ѕидови, три новопланирани улични делници и јавни тоалети. Изградбата на овој граничен премин е во рамки на проектот „ЕУ за Преспа“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УСАИД масовно уништуваат докази и документи за „сработеното“ минатите години
Следна Статија До крајот на месецот очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, тоа е добро за граѓаните и туристите, рече Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Груби: Факт е дека не бил чист како солза

Не би шпекулирал дали поранешниот вицепремиер Артан Груби е во Албанија или во Косово, но факт е дека не бил…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Влада: Ќе се прави вонредна инспекција на сите дискотеки, ноќни клуби и ресторани

Седумдневна жалост ќе биде прогласена по повод трагичната несреќа во Кочани во која, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонците се најголеми пушачи на цигари на Балканот и во топ 10 во светот: Посиромашните би избрале цигара наместо оброк

Македонците се убедливо најголеми потрошувачи на цигари во регионот и во топ 10 во светот. Дури 46% од возрасните се…

October 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Забрана на увоз на возила постари од 10 години и под „ЕУРО5“ стандард, бараат граѓански организации

Претставниците на О2 иницијативата побараа забрана за увоз на возила постари од 10 години и со „ЕУРО 5“ стандард, како…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?