Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за Бугарија: Правата на Македонците не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за Бугарија: Правата на Македонците не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Бугарија: Правата на Македонците не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед

Објавено March 13, 2025 13:45
Сподели
Сподели

Јас би се повикал на меѓународното право, Конвенцијата за заштита на правата на зедниците и тука не можам да одбегнам да не го коментирам правото на македонската заедница во Бугарија, кое се темели на 14 пресуди од Судот за човекови права да го реализира и тука треба ние сите како граѓани да дадеме поддршка на таа македонска заедница во Бугарија, која за жал во 21 век, во земја членка на ЕУ, не може тоа право да го оствари. И тоа нема никаква врска со внатрешните работи, тоа се темели исклучиво на Резолуцијата за заштита на човековите права чиј ратификатор е и нашиот источен сосед и наш партнер во НАТО, истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за коментар по реакцијата на бугарското МНР на неговата вчерашна изјава за блокадата од Бугарија во пристапувањето во ЕУ.

Додаде дека навистина жали што новиот министер за надворешни работи на Бугарија заборава дека добрососедските политики се темел на една европска перпектива и дека сме партнери во најголемата заедница, алијанса во човештвото, тоа е НАТО заедницата.

Ние таму ќе продолжиме да функционираме и ние ќе останеме тука, но и нашите сограѓани ќе останат таму каде што се во Бугарија. Наша цел е да градиме добрососедски односи, но кога станува збор за вистината тогаш сме тука истата да ја коментираме и доколку промената на Уставот не е директно мешање во внатрешните работи на една суверена и независна држава, тогаш навистина не знам што е тоа, рече Мицкоски.

Прашан за европската иднина на земјата, претседателот на Владата подвлече дека и втората стратешка цел на државата е полноправно членство во рамки на ЕУ.

-Ние не сме како некои поранешни политичари и тоа да го гледаме како егзибиционизам, кариеризам и нешто што претставува сосема спротивно од очекувањата и интересите на грашаните и заштита на национачните интереси, така што македонските граѓани и државата во целина очекуваат вистински пат кон ЕУ, нешто што го очекуваме повеќе од две децении и што ќе се темели на Копенхашките критериуми, на систем базиран на заслуги и ни повеќе ни помалку што го добија сите оние земји членки што пристапија, а не на билатерализација и решавање на билатерални спорови. Не смееме да дозволиме европската иднина да биде зависна од решавање на билетарални прашања, кои немаат никаква врска со 21 век, туку се поврзани со нешто што се случувало во средниот век, подвлече премиерот Мицкоски.

Тој не сакаше да ја коментира вчерашната изјава на евроамбасадорот Рокас дека има засилена дипломатска активност за деблокада на пристапувањето на земјата во ЕУ. Кратко одговори дека можна деблокада може да се случи и задутре и дека тоа не зависи од нас, туку од други фактори, а новинарите за повеќе појаснувања ги упати да се обратат на евроамбасадорот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Тендерските мрежи на ДПМНЕ се шират – Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра
Следна Статија Агелер: Внимателно ги следиме процедурите во Собранието во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Елена Гули, внука на легендарниот Питу: Дедо ми знаел дека ќе загине, но не отстапувал од идејата за слободна Македонија

Елена Гули е единствениот директен потомок на славниот Питу Гули, внука од најмалото од четирите деца на војводата, заедно со…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Возило ќе се одзема на секој што ќе вози без возачка и нема враќање – ќе се подарува

Измените на законот за безобѕирно управување на мотортно возило, предвидуваат и одземање на возило. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски…

May 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!

Додека сите христијани се подготвувавме за прославата на големиот христијански празник – Велигден во оваа Света јубилејна година, кој се…

April 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Директорот да си поднесе оставка, Зоолошката е веќе позната како куќата на стравот

Скопската Зоолошка градина во Скопје последниве три години е место каде умираат животни во сомнителни околности. Зоолошката е веќе позната…

February 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?