Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Битолчани протестираа против изградбата на регионална депонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Битолчани протестираа против изградбата на регионална депонија
МАКЕДОНИЈА

Битолчани протестираа против изградбата на регионална депонија

Објавено March 15, 2025 17:12
Сподели
Сподели

„Изгорени“ од децениското загадување од РЕК „Битола“ битолчани денеска излегоа на протест пред општинската зграда спротивставувајќи се на изградбата на регионална депонија каде што треба да се одлага ѓубрето од 18 општини.

Во изминатиов период Советот на Општина Битола едногласно го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка за отворање на регионалната депонија во Новаци заедничка и за Битола, Прилеп, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Битола, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод. Општина Новаци го прифати предлогот на нејзина територија да се гради регионална депонија. Според проектот, депонијата треба да биде сместена во рудникот Суводол, каде што претходно се копаше лигнит.

Битолчани на протестот рекоа дека во своја близина не сакаат уште една еколошка бомба.

„Битола е сведена на општина која треба да ѝ се поклонува на централната власт. Од Министерството за екологија рекоа ова се одлучува на повисоко ниво, било од државен интерес, тогаш сите ние сме нула. Според статистиката од 2023 година, се работи за отпад од 238.000 тони што ќе се носи во Пелагонискиот Регион, а Пелагонија има годишно 92.000 тони смет. Битола доволно го штитеше повисокиот државен интерес, со тоа што 45 години ние тука го имаме РЕК. Да не се жртвуваме ни ние, ни други население места, туку да се одреди место кое нема да го загрозува животот“, рече Весна Кочанковска.

Битолчаните кои протестираа скандираа „Не за депонија“ и носеа пароли „Направете го Детското, не депонија“, „РЕК+депонија = онкологија“ и други.

На протестот беше речено и дека и да се изгради депонијата по еколошки стандарди, немаат доверба во системот оти понатаму процесот на заштита од загадувањето ќе се контролира како што треба. А како пример за тоа го посочија РЕК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Спасени двете лица од Мавровско езеро
Следна Статија Трагедија: Жена пронајдена почината во нејзиниот дом во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На граничните премини Дојран и Табановце чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по наместа влажни коловози, а намалане авидливост поради магла има на планинските превои…

December 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ивановска: Претседателката на ДКСК мора под итно да си поднесе оставка за да може институцијата слободно да се чисти

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора најитно да си поднесе оставка, затоа што на овој начин…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кандидат за ректор на државен универзитет во средно поминувал со двојки

Беким Фетаји е редовен професор на Факултетот за информатички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“, а Блерим Саити е редовен професор…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стоп за труењето: Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци” поради загадувањето и пожарите на Вардариште, Дрисла…

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ утринава го блокираше сообраќајот на мостот „Близнаци” меѓу општините Аеродром и Гази Баба. Чадот и…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?