Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Бектеши и Трајковски спроведени на сослушување во ОЈО Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Бектеши и Трајковски спроведени на сослушување во ОЈО Кочани
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Бектеши и Трајковски спроведени на сослушување во ОЈО Кочани

Објавено March 17, 2025 20:18
Сподели
Сподели

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште едно лице вечерва се спроведени на сослушување во ОЈО Кочани во врска со трагедијата во дискотека во Кочани во која во пожар животот го загубија 59 лица, а над 150 се повредени.

За Бектеши како и за други лица, според информации од обвинителството, ќе се бара краткотраен притвор.

Од ОЈО Кочани откако беше сослушан претходно попладнево заминал кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов, кој ги избегнал медиумите. За него се уште не се знае дали е меѓу осомничените за трагедијата.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес-конференција соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани се работи на итно процесуирање на 14 осомничени.

Тој информираше дека се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик со казна затвор од најмалку три години без горна граница на казнување, што може да се движи до 20 години. Воедно, рече дека се испитуваат дејствија на примање и давање поткуп како и незаконска набавка на пиротехнички средства.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Изјавата на дете од Кочани: Поради таа клета корупција умреа многу невини луѓе
Следна Статија Тошковски: Ќе ѝ се згрози на македонската јавност кога овој предмет во детали ќе биде расветлен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кога Папата Франциск ја посети Македонија (ВИДЕО)

Папата Франциск ќе остане запаметен и во нашата историја како прв поглавар на Римокатоличката црква кој ја посетил Македонија. На…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се појави Ден Дончев, ама само на „Фејсбук“, навива за Ѓоковиќ на Австралија опен

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, потсети дека е жив, здрав и во добро расположение објавувајќи поддршка на…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Требаше да прескокаш трупови, за да влезеш во болницата: Брат на повредена во дискотеката на смртта, со потресно сведоштво

Брат на девојче (16) кое е повредено во невидениот пожар во дискотека во Кочани, во кој загинаа најмалку 51 лицe,…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Минусни утрински температури – најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула

Најстудено утрово е на Попова Шапка, -15 степени. Како што информира УХМР, -14 степени се измерени во Берово, -12 во…

January 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?