Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од Скопје ќе пренесе во Атина тројца повредени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од Скопје ќе пренесе во Атина тројца повредени
МАКЕДОНИЈА

Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од Скопје ќе пренесе во Атина тројца повредени

Објавено March 17, 2025 21:56
Сподели
Сподели

Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина ќе бидат пренесени тројца повредени во пожарот во Кочани, кои ќе се лекуваат во грчката престолнина, објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, транспортниот авион со медицински персонал на службата за итна помош вечерва ќе полета од атинскиот воен аеродром за Скопје и откако ќе ги преземе повредените веднаш ќе се врати во Атина.

Повредените се очекува да бидат хоспитализирани во Општата воена болница 401 каде што има Оддел за повредени со изгореници.

Во две болници во Солун, во општата болница Папаниколау и воената болница 424 веќе се на лекување пет лица кои во пожарот се здобиле со изгореници.

Како што претходно објави МИА, уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград, четворица од нив ќе бидат хоспитализирани во Воено медицинската академија, осум во Универзитетскиот клинички центар, по двајца повредени заминуваат на лекување во Виена и Загреб, а тројца во Атина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Не знаете како ми е мене, многу од нив беа мои пријатели кои на раце ги вадев, вели осомничен од обезбедувањето на дискотеката во Кочани
Следна Статија (ВИДЕО) Ројтерс објави снимка од копањето на гробните места на кочанските гробишта за починатите во пожарот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кондарко: Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен

Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен. Гласањето таму за болните…

October 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за претседателот на РКЕ, поднесе Финансиската полиција

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М. Б., претседател на Регулаторната комисија за…

January 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

УХМР најавува невреме со град

За утре метеоролозите велат дека времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но попладне ќе се појави услов за…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повеќе општини пријавиле штети како последица од невремето попладнево

Како резултат на поројниот дожд кој го зафати подрачјето на Македонија, во повеќе општини има пријавено штети. РЦУК – Скопје,…

June 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?