Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Српски медиуми: Македонија реагираше брзо, за разлика од српската Влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Српски медиуми: Македонија реагираше брзо, за разлика од српската Влада
БАЛКАН

Српски медиуми: Македонија реагираше брзо, за разлика од српската Влада

Објавено March 18, 2025 14:09
Сподели
Сподели

Српските медиуми денеска известуваат за трагедијата што го погоди Кочани, и ја нагласуваат брзата реакција на македонските власти.

Како резултат на несреќата, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка. Оваа оставка, како што истакнуваат српските медиуми, е редок пример во регионот, каде што функционерите ретко преземаат лична одговорност за вакви настани.

-Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка по трагедијата во тој град, кога во пожарот во дискотеката загинаа 59 лица, а повеќе од 150 беа повредени. Папазов ја образложи својата оставка на социјалните мрежи и наведе дека многу од нив ги познавал, а родителите на некои од насрoдалите беа негови семејни пријатели. Тој побара од сите надлежни да ја испитаат одговорноста на сите кои имаа врска со трагедијата. Го повика обвинителството да испита и да постапи во согласност со законот, доколку постои било каков основ за неговата одговорност, известува медиумот Н1.

Српските медиуми исто така нагласуваат дека македонските институциите не дозволија трагедијата да помине несанкционирано. Судот во Кочани веднаш постапи по барањето на обвинителството, одредувајќи притвор за неколку лица.

-Судот во Кочани го прифати барањето на обвинителството да се упатат Бектеши, со уште седум осомничени, на „краткотраен притвор“, додека се чека да се утврди во кој затвор ќе бидат упатени. Поранешниот директор на Управата за заштита и спасување, Беким Максути, исто така беше задржан до 48 часа. Приведени се и неколку лица кои беа обезбедување во дискотеката и бараат нивно ослободување, објавува медиумот Н1.

Српските медиуми нагласуваат дека чекорите преземени од македонските институции не само што ја сфаќаат сериозноста на настанот, туку и дејствуваат во согласност со принципите на владеење на правото и одговорноста.

Владата во Македонија веднаш изрази сочувство до семејствата на жртвите и најави темелна истрага за утврдување на сите околности на несреќата. Оваа транспарентност и институционална ефикасност претставуваат пример за тоа како една држава треба да реагира во вакви критични моменти.

За разлика од други земји во регионот, каде што често нема оставки или санкции по слични трагедии, Македонија покажа дека одговорноста и правдата се приоритет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денеска испраќање пациенти во Италија, Холандија и Белгија, лекарски тимови од Чешка и Израел во земјава
Следна Статија Во близина на дискотеката во Кочани имало склад за нафта наменет за друг објект (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Не сакам да ме „спакуваат“ како Индијанец, морам да бегам, најавил Џони од Врачар

Никола Вушовиќ, познат како Џони од Врачар, соработник на Радоје Звицер кој во петокот беше уапсен во Барселона по српска…

October 22, 2024
БАЛКАН

Две девојки во Бугарија скокнале од воз во движење оти ја пропуштиле станицата, едната е во критична состојба

Две девојки, на возраст од 20 и 21 година, биле итно префрлени во болница во Пловдив откако скокнале од патнички…

August 27, 2025
БАЛКАН

Паника во Белград: Зебра избега од кафез, повреди маж и дете во зоолошката градина

Зебра избега од зоолошката градина во Белград попладнево, дознава Телеграф.рс. Како што неофицијално дознава Телеграф.рс, пријавени се повреди на дете…

July 16, 2025
БАЛКАН

Исто како Груевски: Унгарија планира да му помогне на Додик да избега од БИХ

Унгарија, наводно, испратила полицајци во Босна и Херцеговина за да му помогнат на претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?