Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Професор Давитковски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Професор Давитковски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
МАКЕДОНИЈА

Професор Давитковски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници

Објавено March 19, 2025 18:20
Сподели
Сподели

Темелната истрага со обезбедени доказни материјали од инспекторатите, министерставата и општината, дава надеж дека јавноста за кратко ќе ја дознае вистината и ќе ги утврди вистинските виновници за трагедијата во Кочани.

Како експерт по управно право, професорот Борче Давитковски очекува ваквата истрага да даде одговори и дали и каква вина има и кај екс министерот за економија Крешник Бектеши, но и првиот човек на општината.

Бидејќи има на два пати по 48часовно задржување, бидејќи по она што досега го слушнавме лиценцата ја има потпишано друг, но дали бил инволвиран и министерот со некој вид пристисок на државниот секретар да се потпише и изготви тој документ, тоа истрагата ќе каже. Градоначалникот ако нема некоја директна одговорност во поглед на превземање одредени активности во поглед дали се исполнети условите или не, има и една објективна одговорност, во неговиот град тоа се сторило и добро е што си даде оставка. Во поглед на индивидуалното дали се превземени одредени мерки или не, Кочани не е голем град сигурно тоа диско со години постои, тоа диско е магацин за теписи, без никакви услови и да се толерира таа работа, па и како градоначалник претпоставувам ако не за друго, за гласна музика требало да се реагира, бидејќи и тој има своја инспекциска служба која можела да реагира и да не дојде до ваква ситуација. Тоа ќе биде конкретно негово непревземање активности“ вели професорот Давитковски за Сител.

Професорот смера дека истражните органи во првите 70тина часа од трагедијата во Кочани се на висина на задачата.

Се почитуваат законите и роковите, за кратко време е обезбеден обемен доказен материјал, но брзината во вакви случаи не треба да биде најважна, па токму затоа професрот Давитковски апелира да се намали притисокот врз истражните органи.

Јас се изненадив кога истражните органи, особено полицијата веќе почнаа да го применуваат и законот за локална самоуправа, за трговски друштва за оние лиценци, кои исполнува, кој не исполнува услови, оние кои давале согласности и кои вршеле контрола, тоа е управна материја каде луѓето најмногу се подлежни на корупција и на прекршување на законите. Мислам дека оваа сеопфатна работа што до сега се вршеше сигурно ќе даде резултат. Мислам дека сега треба кај граѓаните една стрпливост и едноставно да не се прават тензии и да се остават полицијата, јавното обвинителство да ја спороведат истрагата“ вели Давитковски.

Со оглед на брзината со која се работи, според професорот доволни ќе бидат следните 48 часа да се обезбедат докази со кои ќе се бара подолг притвор за досега осомничените.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АЦВ за снимањето со дронови: Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо
Следна Статија 30 дена притвор за седуммина полицајци од Штип и Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце

Во Катлановско Блаце утре ќе се одбележи седумнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот…

January 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Прилепчанка – социјален случај добила сметка за струја од 250 евра, иако речиси три месеци не ни била дома

Живее самечки, потстанарски живот во мрачен подрум. Се грее на дрва. Освен светилките и телевизорот, други електрични уреди нема, а…

March 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

СВР Скопје ги известува граѓаните дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност

Не смееме да дозволиме во трката по профит и корупцијата да го уништуваат системот, особено не во дигиталната сфера, затоа…

November 14, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?