Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани, соопшти првиот човек на Судска медицина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани, соопшти првиот човек на Судска медицина
ХРОНИКА

Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани, соопшти првиот човек на Судска медицина

Објавено March 21, 2025 14:59
Сподели
Сподели

Кај сите 59 настрадани во пожарот во Кочани причината за смртта е насилна и е настаната заради насилно задушување и е во директна поврзаност со пожарот во дискотеката „Пулс“, информираше денеска првиот човек на Судска медицина, Александар Станков околу обдукцијата на телата на сите починати во дискотеката.

„Обдукциите започнаа во вечерните часови на 16.03 а завршија во претпладневните часови на 18.03. Паралелно со обдукциите, беше собиран и материјал и беше вршена идентификација на жртвите. Првичната идентификација беше вршена во болниците каде што беа жртвите, но со помош на препознавање и врз основа на лични докуметни од починатите. Во услови на стрес тие методи не се доволно доверливи и може да се случат грешки, намерни или ненамерни“, посочи Станков.

Додаде дека од нивна страна се направени две методи, идентификација со помош на ДНК и со помош на дактилоскопија.

Во текот на месец март, рече тој, се очекува да бидат завршени сите извештаи во врска со направените обдукции. Ќе биде потребно време за токсиколошките анализи.

„Јаглерод моноксид е многу опасен гас. Смртта може да настане многу брзо, во зависност од концентрацијата. Во тој простор со таков чад, многу брзо може да настане смрт и ги онеспособува жртвите да бегаат. Неможност за движење. Според макроскопскиот наод, кај најголем дел од нив има јаглерод моноксид. Најчесто кога имаме вакви случаи, не во волкав број, зимно време имаме вакви случаи и лицата се пронајдени или во кревет или до вратата, обидувајќи се да избегаат“, кажа Станков

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чибишев: Хоспитализираните на Токсикологија по пожарот во Кочани се стабилни, немаат механички повреди
Следна Статија Тошковски: Поднесени се кривични пријави за три фирми и 34 луѓе – Ќе се гонат за тешки дела против општата безбедност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Возел со 2,60 промили алкохол во крвта, па излетал од пат

Вчера во 18.05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, патничко возило „фиат стило“…

March 25, 2025
ХРОНИКА

Јасмина Костадинова осудена на 10 месеци затвор за примање мито за ИПАРД

Вработената во Министерството за земјоделство – Јасмина Костадинова е осудена на десет месеци затвор откако призна вина за примање мито…

May 5, 2026
ХРОНИКА

Две лица се обиделе да изнудат 5.000 евра од стоматолог, му се заканувале со видео клип

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело…

March 8, 2025
ХРОНИКА

Киднапираните мигранти во Студеничани се спасиле откако испратиле мејл со СОС до македонските служби

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна…

March 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?