Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томовски: Државата обезбеди авиокарти и сместување за најблиските членови од семејствата на повредените, но помошта не застанува тука
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Томовски: Државата обезбеди авиокарти и сместување за најблиските членови од семејствата на повредените, но помошта не застанува тука
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Државата обезбеди авиокарти и сместување за најблиските членови од семејствата на повредените, но помошта не застанува тука

Објавено March 25, 2025 11:29
Сподели
Сподели

Одма, веднаш на првата владина седница донесовме одлука дека ќе издвоиме почетни 30 милиони денари за да се помогне на овие луѓе, односно поконкретно на луѓето чии деца или нивни најблиски се лекуваат надвор од државата, вели Ивица Томовски директорот на Службата за општи и заеднички работи и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, зборувајќи за помошта и поддршката која државата безрезервно ја обезбедува за засегнатите семејства од трагедијата која се случи во Кочани.

Во своето утринско гостување на Радио Лидер, директорот на СОЗР изјави дека државата ги обезбеди како авиокартите, така и самото сместување за најблиските членови од семејствата на повредените во пожарот кои беа префрлени на лекување во странство. При тоа посветено е внимание хотелите да бидат во близина на самите болници како тие не би биле изложени на дополнителни трошоци.

„Одлучивме на почетокот на отвориме една донаторска сметка, но кога видовме дека веќе Црвениот Крст има отворено таква сметка, рековме да ја поддржиме истата. За парите да не се разлеваат лево или десно, најдобро би било да ги насочиме сите оние кои сакаат да донираат кон Црвениот Крст бидејќи истиот не подлежи на оние 10% персонален данок и нема дa направиме никаква загуба околу тие средства коишто ќе бидат донирани“, посочува Томовски.

Тој појаснува дека Владата во координација со Црвениот Крст т.е со неговото раководство одлучува што понатаму со тие собрани средства. Почетниот план којшто е направен е линеарно, на сите засегнати да се испратат по 150 000 денари и истите да бидат објавувани транспарентно. Тоа би биле само средства кои им се неопходни за секојдневно, непречено функционирање во овие тешки моменти, но истакнува дека ваквата помош не застанува тука. Напротив, ова е само една почетна помош која има за цел да не се изложуваат семејствата на додатни трошоци.

„Почнавме од викендот заедно со МНР, преку амбасадите и конзуларните претставништва надвор во земјите каде што се сместени овие лица да ги собираме трансакциските сметки, а воедно и да добиеме изјава дека смееме да ги користиме тие сметки бидејќи така е по Законот за заштита на лични податоци. Можам да кажам дека 90% се собрани и од денес практично ќе почне да им се врши исплатат на тие лица. Мислам дека во текот на денешниот ден ќе биде исплатена во целост на сите лица таа почетна поддршка од 150.000 денари“, информира Томовски.

Томовски посочува дека во наредниот период ќе се спроведат анализи заедно со Министерството за здравство за да се види на кое лице колку време му е потребно за долекување, рехабилитација се со цел утврдување на понатамошното распределување на финансиските средства во согласност со потребите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поранешниот градоначалник на Лозово осуден на година ипол затвор
Следна Статија Уапсен екс директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година и до 31 август ќе бидат на…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки

Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот…

August 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари за починатото 14-месечно бебе: Се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле

Министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со починатото 14-месечно бебе во Скопје, изјави дека добро…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова со велигденска честитка: Велигден нека ни донесе утеха, мудрост и хуманост

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до верниците и поглаварите…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?