Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерство за социјална политика, демографија и млади: Правото на протест е загарантирано
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерство за социјална политика, демографија и млади: Правото на протест е загарантирано
МАКЕДОНИЈА

Министерство за социјална политика, демографија и млади: Правото на протест е загарантирано

Објавено March 26, 2025 17:30
Сподели
Сподели

Во врска со изјавата на Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ, за наводно вршење на притисок врз вработени во центрите за социјална работа, како и закани дека ќе бидат избркани од работа доколку излезат на протест ве известуваме дека од страна на Кабинетот на министерот и министерот Фатмир Лимани лично, такво нешто не се случило. Самиот чин е недозволив и не смее да се случи, реагираат денеска од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Правото на протест, додаваат оттаму, е едно од основните права на човекот и е загарантирано со многу меѓународни документи, како и во националните устави на бројни држави.

-Во Република Северна Македонија правото на протест е уставно загарантирано право што подразбира дека граѓаните имаат право мирно да се соберат и да организираат протести, митинзи и демонстрации, се вели во реакцијата.

Министерството, нагласуваат, веќе излегло со соопштение во кое го осудува немилиот настан во Центарот за социјални работи во Прилеп и истовремено информирало дека постапката за физичко обезбедување на сите центри за социјални работи и јавни установи за социјална заштита е во завршна фаза и наскоро ќе се реализира.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најдени човечки коски закопани во близина на Македонски Брод
Следна Статија (ВИДЕО) Бизнис – рестарт на Мијалкови, сакаат да се вратат на познат терен, во две големи производствени компании

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МПЦ-ОА: Свечен пречек на препис на чудотворната икон „Пресвета Богородица -„Скоропослушница“

Во сабота Свечен пречек на препис на чудотворната икон „Пресвета Богородица -„Скоропослушница“ од светогорскиот манастир Дохијар. Во сабота, на 5…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек

Записникот од вонредниот надзор е готов, инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со Дарко Панчев: Две деветки во напад, сигурна победа

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. „Две деветки во…

October 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таткото на Фросина: Правосудниот систем произведува неправди

Таткото на загинатата Фросина Кулакова денеска обвини дека правосудниот систем произведува неправди што длабоко ги погодува родителите и блиските на…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?