Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тој е светла точка во деновите на темнина: Мицкоски се сретна со јунакот Јован Костадинов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тој е светла точка во деновите на темнина: Мицкоски се сретна со јунакот Јован Костадинов
МАКЕДОНИЈА

Тој е светла точка во деновите на темнина: Мицкоски се сретна со јунакот Јован Костадинов

Објавено March 26, 2025 18:37
Сподели
Сподели

Денес се сретнав со Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и човечност, објави на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Јован, со само 19 години, влезе во запалениот објект во Кочани и спаси 21 живот. Без размислување, со голема присебност и посветеност, тој направи нешто што малкумина би се осмелиле да го сторат.
Јован не е само херој на оваа трагедија, тој е симбол на една нова генерација која знае да направи разлика. Од неговиот чин се учи како да се биде човек, како да се биде достоинствен и несебичен во моментот кога тоа најмногу значи.
Бев информиран дека ќе биде доделена стипендија за Јован Костадинов, како знак на признание за неговата храброст и човечност. Алкалоид, како општествено одговорна компанија, ја презеде оваа иницијатива и на тој начин покажа дека ги препознава и вреднува ваквите светли примери. Благодарност до сите што помагаат во овие тешки моменти за државата и народот.
Јован е светла точка во деновите на темнина. Неговото име ќе остане запаметено, а неговиот пример треба биде уште поголема инспирација за да бидеме подобри, посилни и похрабри граѓани на нашата Македонија, напиша Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски назначи нови началници на СВР Штип и ОВР Кочани
Следна Статија Реновирал без дозвола: Шпанската инспекција го казни Ѓоковиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Штетите од силното невреме ќе се рефундираат од надлежните институции

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, а во врска со вчерашното невреме, истакна дека градоначалниците со нивните тимови…

July 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Еве како изгледа пожарот во Трубарево

Пожар избувна во компанијата за преработка на отпад „Нула отпад“ во скопско Турбарево, а во негово гасење се вклучени неколку…

September 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фото: Маж во центарот на Скопје „уловен“ како врши нужда

Во центарот на Скопје, маж кој најверојатно не можел да се воздржи, врши нужда на јавно место.  Сето ова се…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Општина Аеродром испитува дали „Зимзоленд“ има одобрение за поставување урбана опрема

По наводите дека „Зимзоленд“ работи без потребната дозвола, Општина Аеродром, на чија територија е поставен забавниот парк, соопшти дека во…

December 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?