Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Се враќаат 8 пациенти од лекување, 9 се пуштени од болниците во Скопје, 4 критични имаат подобрувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари: Се враќаат 8 пациенти од лекување, 9 се пуштени од болниците во Скопје, 4 критични имаат подобрувања
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Се враќаат 8 пациенти од лекување, 9 се пуштени од болниците во Скопје, 4 критични имаат подобрувања

Објавено March 27, 2025 14:04
Сподели
Сподели

Четворица пациенти кои вчера се вратија од Шпанија се испратени дома во одлична здравствена состојба, додека едниот пациент од Атина е задржан со цел да се утврди во целост неговата состојба, информираа денеска од Министерството за здравство на денешната прес-конференција.

– Кај нас беа двајца пациенти кои беа примени уште првиот и вториот ден беа стабилни, меѓутоа се уште не бевме до крај задоволни од испитувањата кои ги правевме. Вчера беа примени четворица пациенти кои се вратија од Шпанија веднаш беа опсервирани и проверени, сите добија одредена терапија. Денеска на визита повторно ги видовме земаве и токсиколошки и лабораториски анализи повторно сите наоди се во референтни вредности, пациентите се со стабилни клинички параметри и днеска и тие четвоца и тие двајца кои на почеткот ги примивме ги испративме дома во одиична здравствена сиостојба, информира доктор Чабишев.

На прес-конференцијата беше истакнато дека опекотините на пациентот од Атина биле целосно зараснати, но по направените токсиколошки лабораториски анализи било решено да остане пациентот.

Министерот Арбер Таравари посочи дека четворица пациенти остануваат критични, но дека генерално здравствената состојба на пациентите била добра.

– Вкупно во Скопје се лекуваат 24 пациенти. Во Клинички центар седум, во стара Градска болница шест и во Градска болница 8 септември осум пациенти, во приватните клиники три. Од вкупно 24 денеска девет ќе бидат испишани, тие се во добра стабилна остојба и може да продолжат со домашно лекување. Практично утре ќе имаме 15 пациенти од кои ќе видиме дали ќе има нови за испис вчера се вратија пациенти еден од Атина и четири од Шпанија. Вкупно надвор од државата се лекуваат 1 008. Денеска се најавени осум пациенти да се вратат. Двајца во Белгија, двајца во Австрија, двајца во Турција и двајца во Хрватска, практично утре ќе останеме со бројка 100, и еден пациент во Шведска е сместен во хотел, продолжува повремено да оди во болница додека го испишат и него. Имаме најави и за повеќе пациенти кои следниве денови ќе се враќат но ќе информираме за нив дополнително, рече тој.

Додаде дека генерално сите се во стабилна и добра состојба освен четворица пациенти кои беа критични. -Меѓутоа, кога велам критични денеска се малку подобро од што биле вчера, но се уште се во релатнивно тешка здравствена состојба, изјави Тараваи.

Директорката на пластична хирургија асмина Ѓоргиевска Павловска, информира дека вчера тим од клиниката бил во Кочани при што било утврдено дека има услови но нема доволно кадар.

– Видов дека има добри услови, но нема доволно кадар и материјали со тоа што заедно со Министерството ги правиме и тимовите кои би оделе таму за преврски и потребните материјали, рече таа.

Воедно испрати и апел да се внимава во однос на мелемите кои биле нудени по социјалните мрежи, бидјеќи не се знаело од какво потекло се и дали се стерилизирани. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Случајот го пријавил нејзината мајка: Жртвата на насилникот од Радовиш не сакала да поднесе предлог за гонење, рекла дека снимката е од лани
Следна Статија „Алкалоид“ четири години ќе ги стипендира студиите на херојот од Виница, Јован

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

И покрај долгот од над 10 милиони евра, „Пуцко петрол“ ќе продолжи да го снабдува ЈСП со нафта – вели Јахоски

Сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, денеска соопшти дека неговата компанија ќе продолжи да го снабдува ЈСП „Скопје“ со нафта…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Одговорност, координираност и безбедни патишта за помалку жртви во сообраќајот

Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност и нашите активности мора да бидат координирани, системски и засновани на современи стандарди, порача…

December 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повеќе полиција отколку македонски Бугари: Само десетина луѓе се собраа во чест на Мара Бунева

Повеќе полиција отколку почитувачи на ликот и делото на Мара Бунева. Само десетина македонски граѓани со бугарска самосвест денеска учестуваа…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Започнуваме борба против административната мафија

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја започнуваме борбата против адинистративната мафија. Со овие измени, овие контроли стануваат…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?