Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Турската полиција со водени топови ги растера студентите во Анкара
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Турската полиција со водени топови ги растера студентите во Анкара
СВЕТ

Турската полиција со водени топови ги растера студентите во Анкара

Објавено March 27, 2025 18:54
Сподели
Сподели

Студентите утрово се собраа во близина на Блискоисточниот технички универзитет во Анкара да прочитаат соопштение, а потоа да маршираат, но полицијата употреби бибер-спреј и водени топови за да ги растера.

Протестите во Турција почнаа минатата недела по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, главниот ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Имамоглу е во затвор до судењето по обвиненијата за корупција и за поддржување на тероризмот.

Претходно, турскиот министер за правда Јилмаз Тунч изјави дека истрагата против Имамоглу не е политички мотивирана и е „прашање на правосудството“.

„Категорично отфрламе каква било поврзаност на истрагата со претседателот Ердоган и какви било политички мотиви зад истражните дејствија“ изјави Тунч, коментирајќи ги наводите на опозициската Републиканска народна партија дека Ердоган стои зад акциите против Имамоглу во обид да го спречи да се кандидира на следите претседателски избори.

Тунч ги повика западните земји, а особено турските „европски пријатели“, да ги чекаат резултатите од истрагата и правните постапки и да не брзаат со оценките за случајот.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја денеска изјави дека за време на осумдневните протести се приведени 1 879 осомничени, од кои 260 ќе бидат во затвор до судењето, додека 468 лица се пуштени под судска контрола, а продолжува постапката за 662 луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Озлогласениот филм „’Рѓа“ со Алек Болдвин го доби првиот трејлер
Следна Статија Пејачката Марија Милиќ: Дискотеката „Пулс“ внатре изгледаше како вселенски брод, а однадвор…

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Падна Дамаск, Асад со авион избега од земјата

Сирискиот претседател Башар ал Асад го напуштил Дамаск, пишува „Ројтерс“. Според извештаите на медиумите, тој со авион заминал во непозната…

December 8, 2024
СВЕТ

Орбан против новиот буџет на ЕУ ако не се одмрзнат милијарди за Унгарија

Унгарската влада нема да го поддржи седумгодишниот буџет на ЕУ се додека Брисел не ги деблокира сите суспендирани европски средства,…

July 26, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Се урна мост во Белгија: Има загинати и повредени

Едно лице загина, а две се повредени при уривање на мост на автопат во близина на градот Ла Лувиер, на…

March 7, 2025
СВЕТ

Путин и Трамп разговараа речиси 1 час, еве што е договорено

Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД Доналд Трамп денеска телефонски разговарале за судирот меѓу Иран и Израел, соопшти…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?