Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ТИРЗ: Нова потенцијална инвестиција на италијанска компанија во ТИРЗ Штип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ТИРЗ: Нова потенцијална инвестиција на италијанска компанија во ТИРЗ Штип
ЕКОНОМИЈА

ТИРЗ: Нова потенцијална инвестиција на италијанска компанија во ТИРЗ Штип

Објавено March 28, 2025 14:21
Сподели
Сподели

Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски денеска оствари средба со Марио Де Роза, прв секретар, заменик шеф на мисија на италијанската амбасада во Македонија, регионалниот совет на Пиемонт и претставници на италијанската компанија L’Isola Blu Piscine. Во рамки на средбата се разговааше за поволностите кои ги нуди Дирекцијата за ТИРЗ за странските инвеститори, при што беа разгледани условите за нова потенцијална инвестиција во ТИРЗ Штип од страна на компанијата специјализирана за дизајн, производство и инсталација на базени L’Isola Blu Piscine.

Директорот Димовски, како што информираат од ТИРЗ, ги потенцирал бројните поволности кои ги нудат зоните, како и стратешката локација на ТИРЗ Штип, квалификуваната работна сила и поддршката што се обезбедува од страна на Дирекцијата во соработка со Владата за сите инвестиции со висока додадена вредност.

Претставниците на италијанската амбасада и регионалниот совет на Пиемонт ја поздравиле можноста за соработка и истакнале дека Македонија станува се попривлечна дестинација за италијанските компании.

Фабио Каросo, сопственик на италијанската компанија L’Isola Blu Piscine, од своја страна изразил особено задоволство за средбата со очекување за успешна реализација на потенцијатната инвестиција во ТИРЗ Штип. Тој истакна дека клучен фактор за одлуката за потенцијална инвестиција е поволната бизнис-клима и поддршка за странските инвеститори што ја нуди Македонија, претставувајќи атрактивна дестинација за инвестирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анчелоти обвинет за затајување данок
Следна Статија Денес, осум пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште девет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП ја објави најновата листа на должници

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници. Вкупно 5.058 должници, за даноци и придонеси должат над…

June 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Производите од новогодишната кошница поевтиниле за 10 проценти, регистрирани ситни забелешки, уверуваат Дурмиши и Стојкоски

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска по посета на маркети во Скопје оцени дека цените на производите од…

December 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Реинвенцијата на трговските центри во Америка

Промените во навиките за купување ја прошируја поделбата помеѓу оние наменети за имотни купувачи и оние кои се соочуваат со…

January 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

На четири ланци маркети им се закануваат казни во висина од неколку милиони евра

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) откри дека четири ланци маркети картелски се здружиле за да влијаат на цените во…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?