Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инспекторите потврдија дека решенијата за градби околу Мавровското Езеро на градоначалникот Куртовски се незаконски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Инспекторите потврдија дека решенијата за градби околу Мавровското Езеро на градоначалникот Куртовски се незаконски
МАКЕДОНИЈА

Инспекторите потврдија дека решенијата за градби околу Мавровското Езеро на градоначалникот Куртовски се незаконски

Објавено March 31, 2025 10:00
Сподели
Сподели

Вонредниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам во Општина Маврово и Ростуше покажа дека голем дел од потврдите за градби вон урбанистички планови биле незаконски потпишани од градоначалникот Медат Куртовски пишува МКД.мк. Во последните пет месеци тој потпиша триесетина такви решенија на што реагираше и здружението Спас за Маврово. Случајно или не, по вонредниот инспекциски надзор Садредин Елезовски, началникот на Секторот за урбанизам на општината, на 19 март во Скопје беше фатен како прима мито.

Во извештајот на инспекторите до министерот за транспорт од 13 март се вели дека урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план се употребува спротивно на Законот за урбанистичко планирање.

„На барање од Спас за Маврово за вршење вонреден инспекциски надзор за постапките за донесување и изработка на урбанистички проекти вон опфат на урбанистички план согласно член 58 став 6, можна злоупотреба во процесот на нивната изработка и усвојување од кои можат да произлезат издавање одобренија за градење со што се потенцира злоупотребата во работењето на стручните служби во Општина Маврово Ростуше и неопходноста од итноста во постапување на институциите“.

Инспекторите утврдиле дека од Медат Куртовски незаконски биле потпишани урбанистичките проекти за Миас фаворите, Глобал Балкан, Луан Мусаи… Сите овие решенија се однесуваат главно на градби околу Мавровското Езеро, апартмани, хостели, традиционални куќи за потребите на туризмот, згради со апартмани и студија…

„Урбанистичките проекти вон опфат на урбанистички план се изработуваа спротивно на Законот за урбанистичко планирање. Утврдени се неправилности во работата на субјектот на надзор застапуван од градооначалникот Медат Куртовски“. 

Повеќе на МКД.мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прилепчанка – социјален случај добила сметка за струја од 250 евра, иако речиси три месеци не ни била дома
Следна Статија (Видео) Тепачка во НБА , судиите поделија 12 технички и седум исклучувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам…

February 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Судскиот совет разгледува предмети во кои постапувал судијата Ристов

Судскиот совет ги разгледува предметите во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов, против кого е поднесена кривична пријава откако во…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Внимавајте: Поради магла е намалена видливоста на овие патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри…

January 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силјановска – Давкова од Рим: Силно и инспиративно е да прочитате на македонски јазик дека му се оддава почит на духовниот сесловенски татко

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во која порачува да се…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?