Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скандал во Франција: Македонска смедеревка продавана како бургундско вино за 250 евра по литар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Скандал во Франција: Македонска смедеревка продавана како бургундско вино за 250 евра по литар

Скандал во Франција: Македонска смедеревка продавана како бургундско вино за 250 евра по литар

Објавено April 1, 2025 15:21
Сподели
Сподели

Европол и француските истражни органи открија мрежа на фалсификатори која во последниве години продавала вино од Северна Македонија како скапоцени етикети од француската винска регија Бургундија, објави српскиот портал vinoifino.rs.

Според информациите, истрагата опфатила винари од познатите региони Шабли и Монраше кои, поради недостиг на шардоне и зголемена побарувачка, полнеле шишиња со македонска смедеревка, увезена од винарницата „Газда Ѓоко“ од селото Мрзенци.

Фалсификуваното вино, по дополнително одлежување во француски барик буренца, се продавало како автентичен шардоне со географско потекло, по цени над 250 евра за шише.

Францускиот енолог Теле Репомаше, ангажиран од една од винариите под истрага, за vinoifino.rs изјави дека смедеревката од Северна Македонија оставила силен впечаток поради нејзината минералност и соленост:

Тоа е феноменално вино, со карактеристики слични на бургундискиот шардоне. Кога ја дегустиравме во еден балкански бистро на пат кон Грција – бевме воодушевени. Немаше начин да ѝ одолееме, особено по таа цена.“

Сопственикот на македонската винарница, Ѓоко Трпески, вели дека немал никаква информација за понатамошната дестинација на неговото вино:

„Бев шокиран кога дознав дека нашата смедеревка се продава за над 250 евра. Ние ја продадовме за 50 евроценти.“

Случајот го истражува француското обвинителство во соработка со Европол, а досега се идентификувани најмалку седум лица инволвирани во оваа мрежа. Како што се наведува, сопственикот на македонската винарница засега не е осомничен и не постојат индиции дека бил свесен за фалсификатот.

Скандалот го отвора прашањето за етикетирањето и контрола на потеклото на виното, но и го свртува вниманието кон квалитетот на вината од Македонија, кои очигледно можат да стојат рамо до рамо со најпрестижните европски етикети – и покрај злоупотребите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Синдикалците утре на протест: Мора да има за работниците!
Следна Статија Сарамаков за 50.000 евра ги оддал службените документи, дозволил сведок да ги снима

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Папата прогласи 15-годишно момче за светец, ова е неговата приказна

Папата Лав Четиринаесетти го прогласи 15-годишниот компјутерски гениј за прв светец на Католичката црква од т.н. Милениум генерација давајќи ѝ…

September 7, 2025
СПОРТ

“Балистите“ бараат да се укине казната за тоа што скандираа „УЧК“ за време на минутата молк за Кочани

Навивачите на Шкендија, популарните „Балисти“ се незадоволни од казната од пет меча без публика затоа што извикуваа „УЧК“ за време…

April 8, 2025
СПОРТ

Дејан Георгиевски освои сребро на Светскиот Куп во Букурешт

Најдобриот македонски таеквондист Дејaн Герогиевски освои сребрен медал на Г1 Светскиот Куп кој се одржува во Букурешт. Георгиевски се соочи…

October 27, 2024
ХРОНИКА

Маж пронајден починат во својот дом

На 03.01.2025 во 12:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека во станот во кој живее сам бил пронајден починат…

January 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?