Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се гони и таткото на возачот кој ја усмрти Фросина: му го давал возилото, а знаел дека нема возачка дозвола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се гони и таткото на возачот кој ја усмрти Фросина: му го давал возилото, а знаел дека нема возачка дозвола
ХРОНИКА

Се гони и таткото на возачот кој ја усмрти Фросина: му го давал возилото, а знаел дека нема возачка дозвола

Објавено April 3, 2025 11:48
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази од кои произлегува дека обвинетиот, во периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, свесен дека поради неговите сторувања можат да настапат штетни последици, а сепак лекомислено сметал дека тие нема да настапат.

Тој на својот син му давал да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот не смее да управува со автомобил бидејќи нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти, и тоа: едно кривично дело – сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци (возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на семафор и на пешачки премин) во текот на 2023 и 2024 година, како и кривично дело – сообраќајна несреќа со смртни последици на 29.01.2025 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: За пожарот во Кочани се отвораат многу прашања во јавноста, постапуваме по наредбите од Обвинителството
Следна Статија Роднините на загинатите во пожарот во Тетово бараат нова истрага

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Синот на осомничениот за убиството во Охрид: Наместо разбирање има медиумски линч

Синот на осомничениот анестезиолог  за убиството на Климе од Охрид,се огласи со јавна реакција и апел за воздржаност и почитување…

March 29, 2026
ХРОНИКА

Партизанска три часа беше блокирана по верижниот судир кај „Влајко“

Сообраќјот по булеварот „Партизански одреди “ кај населбата Влае, сѐ уште се одвива отежнато по верижниот судир попладнево, објави „Нетпрес“.Околу…

April 10, 2025
ХРОНИКА

Судски совет: Даниела Алексовска донела законска одлука за Васил Јованов, возачот кое ја усмрти Фросина

Судијката Даниела Алексовска Стојановска  согласно законот за правда на децата му определила воспитна мерка на Васил Јованов за поседувањето дрога,…

February 27, 2025
ХРОНИКА

Гостиварец измамен за 200.000 евра од Нигериец и Литванци за изградба на фотоволтаици

Измамен жител од гостиварско од Нигериец и двајца Литванци за 200.000 евра. На 01.01.2025 во СВР Тетово 58- годишник од…

March 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?