Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најниската плата во здравството се искачи на 27.000 денари, толку ќе земаат чистачите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Најниската плата во здравството се искачи на 27.000 денари, толку ќе земаат чистачите
МАКЕДОНИЈА

Најниската плата во здравството се искачи на 27.000 денари, толку ќе земаат чистачите

Објавено April 3, 2025 14:59
Сподели
Сподели

Со линеарното зголемување од 2500 денари, најниската плата во здравство изнесува нешто над 27.000 денари, соопшти денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој попладнево прикажа како растела најниската плата во здравството изминативе пет години.

„Во односна најниските плати во здравството, значи платите кои ги добиваат чистач или хигиеничар, во 2020 година сме почнале со нешто помалку од 15.000 денари за во 2022 година да се стигне до 18.000 денари, зборувам за нето бидејќи во нашата јавност подобро се разбира нето отколку бруто износот. Со ова зголемување најниската плата во јавното здравство сега е ншето над 27.000 денари или околу 27.000 денари што ќе биде релативно повисоко  од најниската плата утврдена национално ниво. Мислам дека со ова се трудиме да го вратиме достоинствот на здравствените работници и здравствениот сектор бидејќи нашата земја се уште има релативно ниски плати во однос на платите во јавното здравство во однос на соседните земји“, рече директорот Клековски.

Тој потсети дека линеарното покачување е резултат на соработката на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и синдикатите и најави дека таа соработка ќе продолжи и во следниот период. Ќе настојуваат да се намали бројот на колективни договори по кои се работи во здравството оти сега има вкупно 15 различни колективни договори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Влада: Одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме подготвен план за надминување на ситуацијата
Следна Статија Нови 511 заболени од грип, вакцинирани се вкупно 72.294 лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Министерот за добро владеење Фетаи уште не е подготвен да зборува на македонски

Одговорите на новинарите заменик-претседателот за добро владеење во Владата на Мицкоски, Арбен Фетаи, утрово ги даваше на албански јазик, иако…

September 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе одговара ли Бујар Османи за продажба на македонскиот идентитет?!

Ќе има ли мерки против поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи за продажба на македонскиот идентитет и за предавство…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема веќе пиротехника во затворен простор: Законските измени добија едногласна поддршка од пратениците

Со 87 гласа „за“, без гласови против и без воздржани во Собранието беше поддржан Предлог-законот за изменување и дополнување на…

April 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Дозволиле активирање на пиротехниката, осомничените 13 полицајци се однесени во суд

Приведени се 13 лица со полициско овластување во синоќешната акција на ОЈО за организиран криминал и корупција, потврди на денешната…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?