Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ферстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ферстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија
СПОРТ

Ферстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија

Објавено April 5, 2025 10:58
Сподели
Сподели

Четврти пат по ред, Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на патеката Сузука, на трката за Големата награда на Јапонија.

Актуелниот светски првак до првата пол-позиција сезонава, дојде со совршен круг, најбрз во историјата на Сузука 1:26.983 минути. Ферстапен ја прекина доминацијата на Мекларен во квалификациите на претходните две трки, во Австралија и Кина.

Холанѓанецот за 12 илјадити делови од секундата го победи Ландо Норис од Мекларен, а од вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри беше побрз за 44 илјадити делови од секундата.

Шарл Леклер со своето Ферари ќе стартува од четвртото место, тој за 20 илјадити делови од секундата беше побрз од возачот на Мерцедес Џорџ Расел кој ќе стартува од петтото место. Тинејџерот, Андреа Кими Антонели трката ќе ја започне до тимскиот колега Расел.

Пласман во првите десет на стартот изборија Исак Хаџар (Рејсинг Булс), Луис Хамилтон кој уште еднаш разочра во болидот на Ферари, Алекс Албон (Вилијамс) и Оливер Берман (Хас).

Трката за Големата награда на Јапонија, в недела ќе започне во седум часот по средноевропско време.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со кралот на Јордан, Абдула Втори
Следна Статија МВР со апел до граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки – веднаш да пријават во полиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Арсенал го елиминира Реал, Интер ја преживеа драмата во Милано

Фудбалерите на Интер и Арсенал им се приклучија на Барселона и Пари Сен Жермен во полуфиналето на Лигата на шампионите.…

April 17, 2025
СПОРТ

Македонија денес против Летонија за продолжување на битката за првото место во групата на ЛН

Денеска од 18 часот на стадионот во Рига, нашата најдобра фудбалска репрезентација и гостува на Летонија. Ова ќе биде првиот…

October 10, 2024
СПОРТ

Ново шоу на Меси – постигна три гола и асистираше за две (ВИДЕО)

Во натпреварот од 10. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство, Аргентина славеше во Буенос Аирес против Боливија со 6:0,…

October 16, 2024
СПОРТ

Тренер од Косово шамараше 8-годишна теквондистка затоа што загуби од Србинка (ВИДЕО)

Во Тирана се одржува Европското првенство во таеквондо за деца на кое е забележана крајно вознемирувачка сцена. Тренерот на 8-годишното…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?