Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Донесена резолуција на собранието на Алијансата за Албанците на Таравари: Веднаш се потребни дејствувања и промени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Донесена резолуција на собранието на Алијансата за Албанците на Таравари: Веднаш се потребни дејствувања и промени
ПОЛИТИКА

Донесена резолуција на собранието на Алијансата за Албанците на Таравари: Веднаш се потребни дејствувања и промени

Објавено April 6, 2025 21:25
Сподели
Сподели

Собранието на Алијанса за Албанците, крилото чиј лидер е Арбен Таравари, донесе резолуција со осум точки која ја прифатија сите присутни членови на седницата што денеска се одржува во Гостивар. Во овој документ се наведува дека е дојдено времето за правда и дека веднаш се потребни дејствување и промени.

Директен повод за ова резолуција е трагедијата во Кочани и во неа се истакнува неопходноста од институционална одговорност, трагедијата да биде пресвртница за градење нова култура на одговорност, безбедност и владеење на правото во државата. Времето за правда, дејствување и промени е сега, стои во резолуцијата.

Потребно е целосна, независна и транспарентна истрага за трагедијата во Кочани, под раководство на надлежните институции, ослободени од какво било политичко влијание, со обврска редовно и јавно да ги информираат граѓаните за напредокот и наодите од истрагата, се наведува во документот.

Собранието на АА бара повторно отворање на истрагите за претходните трагедии „Дурмо Турс“, „Беса Транс“ и модуларната болница во Тетово, кои заедно однесоа животи на 135 граѓани и за кои сè уште не е утврдена институционална или индивидуална одговорност.

Освен ова, како точка во документот стои дека се бара и дефинирање на одговорноста како индивидуална, така и институционална и адресирање на небрежноста, неспособноста и коруптивните практики.

Највисокиот орган на партијата бара детална проверка на имотот и интересите на сите одговорни функционери и инспектори, за да се открие каков било конфликт на интереси или евентуални коруптивни врски со субјектите кои се испитуваат. Од партијата се препорачува вонреден надзор во сите високоризични објекти, особено во секторите угостителство, здравство, образование, спорт, транспорт и градежништво.

Потребна е итна реформа на казнената политика која гарантира правични, строги и применливи казни за сите оние кои со своите постапки или непостапување придонесуваат за појава на вакви трагедии, стои во резолуцијата на АА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Против уставни измени за внес на Бугарите во Уставот се 82% од Македонците и 11,3% од Албанците
Следна Статија Никој нема да биде поштеден и за Ласкарци и за Беса Транс и за модуларната болница во Тетово, порача Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

„Правда за Крешник“ поставен транспарент во центарот на Дебар

Транспарент „Правда за Крешник – единствен пат кон мирот“, поставен е во строгиот центар на Дебар, на просторот на шеталиштето,…

April 6, 2025
ПОЛИТИКА

Касами до ДУИ: Ќе има ли ноќна стража пред американската амбасада во Скопје, откако го „зацрнија“ Груби?

„Ќе правите ли сега ‘Ноќни стражи’ и пред амбасадата на САД во Скопје, откако ви го ставија Артан Груби во…

December 10, 2024
ПОЛИТИКА

Димитриевски за Таравари: Во политиката не може да седите на две столчиња

Во политиката не може да седите на две столчиња, или можете да соработувате со власта и да се залагате за…

April 25, 2025
ПОЛИТИКА

На Пендаровски не му е нормално новото нормално на Трамп

Поранешниот претседател Стево Пендаровски вечерва изјави дека го загрижува позиционирањето на Владата во поглед на новата американска администрација. Многу е…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?