Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут
БАЛКАН

Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут

Објавено April 6, 2025 21:28
Сподели
Сподели

Српскиот претседател вечерва го предложи за мандатар на нова влада – Ѓуро Мацут, лекар ендокринолог, јави дописникот на МИА од Белград. Мацут дипломирал, магистрирал и докторирал на Медицинскиот факултет во Белград, каде што е редовен професор.

Премиерот Милош Вучевиќ поднесе оставка од таа функција на крајот на јануари, по напад врз студенти во Нови Сад. Српскиот Парламент на 19 март ја констатираше оставката на Вучевиќ, со што падна актуелната влада на Србија.

Српската напредна партија (СНС) претходно објави дека имаат двајца конкурентски кандидати за функцијата мандатар.

Рокот за избор на нова влада е 18 април.

Вучиќ рече дека новата влада ќе биде избрана до Велики петок и дека претстојат тешки задачи – земјата да се спротивстави на сите притисоци во однос на регионалната политика, да го реши даночното прашање со САД, да го забрза европскиот пат, истовремено да ги зачува традиционалните пријатели на истокот и да го врати нивото на странски и домашни инвестиции.

„Ќе биде голема задача новата влада да продолжи да го чува мирот, стабилноста, да се однесува толерантно и трпеливо“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека верува оти Мацут има професионални и лични квалитети, посветеност и стручност за извршување на функцијата премиер и дека го уверил дека може да го обезбеди нејзиниот избор.

Вучиќ вечерва изјави дека ситуацијата во регионот е многу тешка, особено политичката ситуација во Република Српска и БиХ и изрази загриженост дека каква било одлука за обид за апсење на Милорад Додик ќе биде катастрофална за целиот регион и за Србија.

Тој во обраќањето во Палатата Србија рече дека затоа е неопходно да се зачува мирот и да не се преземаат избрзани мерки.
Вучиќ нагласи дека се надева дека во следниот месец ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за воведените царини и да се најде решение за нивно намалување на најниско можно ниво. Тој додаде дека се преземени мерки за воведените царини од 37 отсто и дека за тоа разговара со претставници на САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче победи на изборите за претседател на СДСМ, партијата бираше меѓу Венко и неважечко ливче
Следна Статија Против уставни измени за внес на Бугарите во Уставот се 82% од Македонците и 11,3% од Албанците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Силен земјотрес ја погоди Света Гора

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Света Гора, соопшти грчкиот институт за геодинамика. Епицентарот…

February 15, 2025
БАЛКАН

Kанадски адвокат: Слободан Милошевиќ беше отруен во Хаг

Канадскиот адвокат на поранешниот српски претседател, Слободан Милошевиќ, Кристофер Блек, вели дека тој бил отруен во судот во Хаг. Во…

November 15, 2024
БАЛКАН

Кумот на Звциер во живо ја гледал ликвидацијата на криминалците во Атина на кои МВР на чело на Спасовски им дал македонски пасоши

Милован Здравковиќ, познат како Тег, кум на Радој Звицер, кој вчера е екстрадиран од Хрватска во Србија. Тој во живо…

February 19, 2026
БАЛКАН

Цеца си обезбеди место во бугарската историја

Калојан Методиев, политолог и поранешен пратеник во Народното собрание на Бугарија, смета дека Светлана Ражнатовиќ си обезбедила место во бугарската…

November 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?