Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вреди сѐ поблиску до одлука за заеднички настап на локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Вреди сѐ поблиску до одлука за заеднички настап на локалните избори
ПОЛИТИКА

Вреди сѐ поблиску до одлука за заеднички настап на локалните избори

Објавено April 12, 2025 09:18
Сподели
Сподели

 – Коалицијата Вреди синоќа одржа состанок во Скопје на којшто стана збор за состојбата внатре во коалицијата и за претстојните локални избори. На состанокот присуствуваат лидерите на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, на Демократското движење Изет Меџити, на Беса Биљал Касами и на Алтернатива Зеќирија Ибраими.   

Пред состанокот, Таравари кусо во изјава за медиумите рече дека нема да има поделби внатре во коалицијата. На новинарско прашање за тоа кои се очекувањата од вечерашниот состанок, Таравари рече дека е без очекувања, бидејќи „се работи за редовен состанок на партиите”.

Лидерот на Демократско движење и министер за животна средина и просторно планирање Меџити, пак, посочи дека коалицијата ќе настапи со заеднички листи на претстојните локални избори, додека за тоа дали Таравари останува во Вреди или ќе ја напушти коалицијата, Меџити рече: „Тоа треба да го прашате Таравари”.

Лидерот на Беса Биљал Касами не даде изјава пред состанокот, додека претседателот на Алтернатива Зеќирија Ибраими рече дека се работи за координативен состанок на партиите од Коалицијата Вреди. 

Во изјави за медиумите денешниот состанок го најавија Касами и Таравари.

Касами денеска изјави дека состанокот на коалицијата Влен ќе се утврди како таа ќе настапи на престојните локални избори. Касами е убеден дека Влен на изборите ќе настапи заедно. 

-Продолжуваат редовните комуникации во рамките на коалицијата Влен, а денеска го имаме следниот состанок каде ќе се продолжи да се разговара во однос на излегувањето на локалните избори. Јавноста веќе е запознаена дека има неколку опции, но како и да е се надевам дека денеска ќе биде последниот ден, односно последен состанок, каде ќе се дефинираат овие дилеми во рамките на дебатата за локалните избори, рече Касами.

Изрази убедување дека Влен и на локалните избори ќе оди заедно. – И тоа што го покажавме на парламентарните избори ќе го покажеме и на локалните избори и конечно ќе успеваме да ги добиваме и општините и да ги водиме успешно како што ние сме убедени дека ја водиме политиката во рамките на владината коалиција но исто така и во рамките на општините каде што и досега се води од коалицијата, изјави Касами. 

Таравари по работната посета на општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар кажа дека се надева оти работните групи во Коалицијата ќе продолжат да работат и дека ќе изнајдат најдобро можно решение, кое нема да биде фрустрирачко или демотивирачко за партиите, кои се дел од Влен.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и претседател на Демократското движење пред неколку дена побара од Таравари да избере страна, дали ќе биде дел од Влен или ќе преговара со ДУИ за претстојните локални избори. 

Меџити на прес-конферецијата во Владата во вторникот истакна дека Таравари бил запознат со идејата за обединување на политичките партии од овaа коалиција во една партија. 

Идејата за фузирање, како што истакна, била присутна уште од самиот почеток на коалицирањето, но се чекало соодветен момент за усогласување на политичките структури, идеите и програмите за да се направи следниот чекор кон формирање еден политички субјект.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се проширува истрагата за Кочани за нови 23 осомничени: Опфатен актуелен министер, директор и поранешни функционери и министри
Следна Статија (Видео) Србија: Полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Изет Меџити се пофали дека ќе вработи илјадници Албанци во јавната администрација

Заменик-претседател на Владата на Македонија и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, даде силно ветување за вработување на Албанците во…

February 21, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци

„Да се задолжи земјата 6 милијарди евра и да не се каже кои се условите за заемот, колкава е каматата,…

May 23, 2025
ПОЛИТИКА

Oпштините Струмица и Карпош ќе ја напуштат ЗЕЛС

Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Ова на својот фејсбук-профил го објави градоначалникот на Општина…

October 24, 2024
ПОЛИТИКА

Касами за Таравари: Ние не го избркавме, туку сам излезе и отиде кај ДУИ

Биљал Касами негира дека Алијанса за Албанците на Арбен Таравари е избркана од коалицијата Вреди, бидејќи, според него, Таравари сам…

April 30, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?