Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вонреден инспекциски надзор на Кардиохирургија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Вонреден инспекциски надзор на Кардиохирургија
ЗДРАВЈЕ

Вонреден инспекциски надзор на Кардиохирургија

Објавено April 12, 2025 17:08
Сподели
Сподели

Инспекторите од ДСЗИ ќе влезат на Клиниката за кардиохирургија да извршат увид во медицинската документација за лекувањето на 59 годишниот пациент Тони Ангелковски, кој почина чекајќи операција со сериозни компликации на аортата.

Од Министерството за здравство потврдија дека вонредниот надзор го наложи министерот Арбен Таравари, откако семејството проговори во медиумите дека Анеглковски бил препраќан од клиника во клиника, но не бил опериран и не го издржал ова здравствено патешествие.

Настанот се случи на 8 април, кога пациентот од болницата „8 Септември“ бил донесен на државна Кардиохирургија со болки во стомакот и градите. По направените иследувања, од Клиниката му соопштиле дека нема слободна сала за операција, а на Торакална хирургија биле расипани апаратите.

Пациентот бил упатен во приватна болница, но и таму ги немале потребните материјали, по што Ангелковски повторно е вратен на Кардиохирургија каде почина.

Од таму потврдија дека од две операциони сали, во функција е само една, но велат немало потреба од итна операција. Сепак, не знаат од што починал пациентот, затоа што семејството не дозволило обдукција, а нивното однесување го оценија како театрално.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Нашите ангели заслужуваат правда“, протестен марш на семејствата на загинатите во „Пулс“ во Кочани
Следна Статија Трамп ги укина царините на мобилните телефони и компјутерите од Кина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Казни и заплени за десетици оператори со небезбедна храна во близина на училиштата

Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на…

November 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Метапневмовирус е стар вирус, не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19, вели д-р Злате Мехмедовиќ

Метапневмовирус е стар вирус, не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19, изјави попладнево за МИА, портпаролот на…

January 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Светскиот доктор, Македонецот Иво Бошкоски од болницата Џемели: Со мојата иновативна метода се губи една третина од прекумерната тежина

Доктор Бошкоски, кој со години има успешна кариера во Италија, е првиот доктор во светот кој воведе иновативен метод со…

August 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во Мексико потврден прв случај на мијаза кај човек

Мексиканското Министерство за здравство го потврди првиот случај на мијаза кај човек во земјата, соопшти владата. Случајот бил откриен кај…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?