Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Младите земјоделци добиваат финансиска поддршка од владата преку јавен повик– На располагање до 600.000 денари за сопствено производство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Младите земјоделци добиваат финансиска поддршка од владата преку јавен повик– На располагање до 600.000 денари за сопствено производство
ЕКОНОМИЈА

Младите земјоделци добиваат финансиска поддршка од владата преку јавен повик– На располагање до 600.000 денари за сопствено производство

Објавено April 13, 2025 18:16
Сподели
Сподели

Младите кои сакаат да почнат да се занимаваат со земјоделство ќе добијат пари од државата. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за помош на млади земјоделци на возраст од 18 -40 години кој за прв пат започнуваат да се занимаваат со земјоделство. Покрај возраста, услов е апликантите да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци. Земјоделците кои ќе ги исполнат критериумите може да добијат максимум 600 илјади денари неповратен грант од државата.

Максималната финансиска поддршка по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000 денари, односно 100% од направените трошоци. . Овие предвидени средства ќе се доделуваат за период на реализација на деловниот план и ќе се исплаќаат на годишно ниво но најмногу на три рати. Дополнително предвидена е и 40% авансна исплата на предметната инвестиција, вели Цветан Трипуновски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Популацијата во агросекторот старее, загрижува фактот што во идинина ќе нема која да ги обработува нивите. Со цел пооттикнување што повеќе млади да започнат да се занимаваат со земјоделие годинава се олеснети критериумите за повикот. Од МЗШВ најавуваат дека и понатака ќе се преземаат мерки за да се поттикне развојот на земјоделството и да се поттикнат младите да влезат во секторот, да се зголеми домашното производство. Целта на Владата е Македонија од увозник да стане земја извозник

Овој Јавен повик е само еден стимул на нашите млади да влезат секторот земјоделство и истите да продолжат да го движат процесот во производството на квалитетна храна. Новата енергија во земјоделството е потребна за да се зголеми производството на храна, со што ќе станеме земја која што ќе извезува квалитетни земјоделски производи и по тоа ќе станеме и понатаму препознатливи, вели Трипуновски.

Инаку, на јавниот повик предност ќе имаат младите жени земјоделки, членови на задруги, млади со завршено земјоделско или ветеринарно образование како и оние кои сакаат да инвестираат во механизација и опрема за преработка и сточарско производство информираат од Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој. Аплицирањето за оваа мерка се врши по електронски пат најдоцна до 9.05.2025

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот
Следна Статија Македонските граѓани очекуваат дека со помош на Трамп војната во Украина ќе заврши во следните неколку месеци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Тојота Хајлендер станува електричен SUV со три реда седишта и опсег од 320 милји

Тојота го претстави новиот Хајлендер, електричен SUV со три реда седишта и импресивен опсег на возење.

February 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Млекопроизводителите се суштината на млечната индустрија

Во чест на Светскиот ден на млекото, Битолска млекара традиционално го одбележа Денот на фармерите, настан посветен на луѓето кои секојдневно…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за половина денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)…

August 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Управата за јавни приходи ги потсетува вршителите на дејност кои водат деловни книги и даночните обврзници за данокот на добивка…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?