Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За четири часа казнети 247 возачи во Скопје, еден возач уапсен за безобзирно возење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > За четири часа казнети 247 возачи во Скопје, еден возач уапсен за безобзирно возење
ХРОНИКА

За четири часа казнети 247 возачи во Скопје, еден возач уапсен за безобзирно возење

Објавено April 13, 2025 19:31
Сподели
Сподели

Денеска од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 12.00 до 16.00 часот беше спроведена засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. При тоа за време на сообраќајната контрола акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.

За време на контролата беа контролирани вкупно 1.020 возила, при што биле преземени мерки против 247 учесници во сообраќајот. За безобзирно возење по чл.297 А од кривичниот законик лишено е едно лице од слобода, за возење со брзина поголема од дозволената санкционирани се 53 возачи, 33 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се 10 мерки за нерегистрирани возила, а санкционирани се и 62 возачи за управување мотоцикл без заштитна кацига, а изречени се 18 мерки за возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, пет возачи возеле без возачка потврда, а санкционирани се и 66 останати учесници во сообраќајот.

Привремено биле одземени три нерегистрирани возила, од кои два мотоцикли и едно патничко возило, а привремено биле одземени под сомнение за техничка исправност две возила, од кои еден мотоцикл и едно патничко возило.

Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почнува Страдалната недела, ова се адетите за секој ден до Велигден
Следна Статија Кичево пред еколошка катастрофа: Дива депонија го загрозува животот на граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почна судењето за Стојанче, сведочеше мајката на починатата Ивана

По воведните зборови, на денешното судење на Стојанче Јовановски, обвинет дека ја натерал сопругата Ивана да си го одземе животот…

March 30, 2026
ХРОНИКА

Полицајци спасија лице кое се обидело да се фрли од мост во Куманово

Полициски службеници спасија лице во Куманово при обид за самоубиство „Денеска (21.10.2025) во 10:40 часот, по претходна пријава за лице…

October 21, 2025
ХРОНИКА

Таткото на Фросина револтиран: Како може иста судијка да ги суди предметот на Васо и предметот на татко му

Таткото на Фросина Кулакова, Тодор го коментираше денешното одложено рочиште од судењето против Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, кој…

June 24, 2025
ХРОНИКА

Пресврт во судењето за Вања и Панче: Кешишов тврди дека Палевски не бил со нив на денот на убиството

Пресвртница на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Обвинетиот Влатко Кешишев доставил изјава…

November 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?