Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Објавен јавен оглас за избор на кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Објавен јавен оглас за избор на кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права
МАКЕДОНИЈА

Објавен јавен оглас за избор на кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права

Објавено April 14, 2025 21:59
Сподели
Сподели

Во Службен весник денеска е објавен оглас за избор на кандидати од Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур.

Постапката за избор ќе ја врши Комисија за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права. Надлежностите на оваа Комисија се да распише јавен оглас за избор на кандидати, да ја спроведе постапката за избор и истата по добивање на мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти на Советот на Европа, од аспект на тоа дали кандидатите ги исполнуваат условите и да достави предлог за избор на тројца кандидати за судија.

Од Уставниот суд информираат дека ќе учествува во процесот на селекција на кандитатите преку свој претставник во Комисијата за избор на кандидати за судија во ЕСЧП, судијата проф.д-р Осман Кадриу.

Kандидатите мора да ги исполнуваат минимум следните услови:

Да е државјанин на Република Северна Македонија;
Да уживаат висок морален углед;
Да ги исполнуваат условите неопходни за вршење на високи судски функции или да бидат правни стручњаци со призната компетентност (минимум 12 годишно искуство во соодветната професија);
Да бидат помлади од 65 години;
Да имаат искуство во областа на човековите права;
Активно (ниво Ц) да го владеат едниот а пасивно (ниво А) другиот службен јазик на Совет на Европа (англиски и француски);

Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена од денот на објавувањето на овој Oглас во Службен весник на Република Северна Македонија.

Деветгодишниот мандат на актуелниот судија на Северна Македонија во ЕСЧП, Јован Илиевски му завршува во февруари 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судот го прифати супервештачењето за случајот Вепоска
Следна Статија Палчо сакал да оди за Русија, но не за да бега туку да бара редок христијански документ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски

Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кошта: Иднината на Македонија е во Европската Унија

Долга, но многу конструктивна посета и разговор. Вака претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ја оцени средбата која ја имаше…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е чист понеделник, почнуваат Велигденските пости

За православните верници од денеска започнува Велигденскиот пост што ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој…

March 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина

Патот на Македонија кон ЕУ предолго трае, и тоа не по македонска вина - нагласи претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ…

March 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?