Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од владата, велат од ЗНАМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од владата, велат од ЗНАМ
ПОЛИТИКА

Некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од владата, велат од ЗНАМ

Објавено April 17, 2025 17:23
Сподели
Сподели

За Движењето ЗНАМ за наша Македонија е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или се дел од организиран криминал и корупција, изјави портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.

На прашањето дали овие ставови значат дека ЗНАМ ќе побара изземање на Арбен Таравари од владиниот состав, Мемов одговори:

„Нашиот став е многу јасен, заклучокот број два вели: ‘Секој кој што соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ за Движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во кое што учествува ЗНАМ’“, рече Мемов.

На прашањето зошто се вели дека состојбата во Вреди е нивна внатрешна работа, а ЗНАМ изјавува дека некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од владата, Мемов рече:

„Случувањата во Вреди се нивна внатрешна работа, кој ќе остане како коалиционен партнер во коалицијата Вреди ќе видиме понатаму, ќе покаже времето. Доколку останат сите, тогаш органите и телата на ЗНАМ ќе разговараат и ќе расправаат по тоа прашање“.

Запрашан дали ЗНАМ има информација дека Алијанса за Албанците, која е дел од Вреди, има некакви комуникации со ДУИ, Мемов рече:

„Тие самите изјавија дека имаат отворена комуникација“.

На прашањето дали во владата ќе се разговара за овие случувања со премиерот, портпаролот Мемов рече дека разговорите и комуникацијата како партнери во владата е континуирана.

„Сите отворени прашања се дискутираат во рамките на владиното партнерство“, рече Мемов.

Запрашан за настапот на идните локални избори, тој најави дека наредната недела Движење ЗНАМ за наша Македонија ќе ја информира јавноста за тоа прашање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Марта Кос: Заморот од проширувањето на ЕУ заврши, направете ги компромисите
Следна Статија Мотоциклист загина откако излетал од пат, сопатникот тешко повреден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Партијата се враќа уште посилна

Пропаднаа обидите и сценаријата да ја снема СДСМ – од сега натаму, партијата ќе се враќа само посилна, наведува Социјалдемократскиот…

November 4, 2025
ПОЛИТИКА

Стефковски: Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гази Баба објави видео во кое го најавува проектот за ново училиште. Образованието…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија, прашуваат од СДСМ

Во соседна Србија запленета е огромна количина од 5 тони дрога која дошла од Македонија. Косопственик на Македонска фирма е…

February 2, 2026
ПОЛИТИКА

Димитријевиќ: ВМРО-ДПМНЕ носи мигранти за пари и прави намерна изолација на државата

Мигранти за пари и намерна изолација – предавство на Македонија, е обвинувањето што денеска генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша…

December 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?