Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицепремиерот Николоски во работна посета на Обединетото Кралство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вицепремиерот Николоски во работна посета на Обединетото Кралство
МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Николоски во работна посета на Обединетото Кралство

Објавено April 22, 2025 21:28
Сподели
Сподели

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за транспорт, тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.

Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор.

Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји.

Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Koга ќе има бел чад над Ватикан?
Следна Статија Љутков: Новата пресметка на плати е најправилно решение, досегашниот начин на исплата е неодржлив

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Меџити се сретна со американската амбасадорка Агелер: Соработка за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Само 20 % од камерите работат, а за 24 фативме 2000 возачи кои возеле пребрзо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Дејли Клик“ на ТВ21 откри дека камерите работат и дека за овој тест период биле…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, ургирал и кај обвинителството да му помогне

Докторот и сопственик на клиниката Жан Митрев, во интервју на национална телевизија, кажа дека Венко Филипче и Зоран Заев, му…

January 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?