Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јакимовски осуден на три ипол години затвор за бесправна изградба на објекти за општината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Јакимовски осуден на три ипол години затвор за бесправна изградба на објекти за општината
ХРОНИКА

Јакимовски осуден на три ипол години затвор за бесправна изградба на објекти за општината

Објавено April 23, 2025 15:41
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски по шест години судење денеска беше осуден на неправосилна судска пресуда од три години и шест месеци затворска казна, соопшти попладнево Кривичниот суд.

Според пресудата, административниот објект, односно новата општинска зграда за која е осуден за бесправна градба се одзема во корист на државата.

-Судот го прогласи за виновен обвинетиот С.Ј за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик за изградба на деловен објект – административен објект на Локалната Самоуправа, и за ова кривично дело му изрече казна затвор во траење од 1 – една година. Предвидената казна за ова дело е од 3 до 8 години затвор, но имајќи ја предвид намената на објектот како и казнената политика на овој суд, судот ја изрече оваа казна. Имено според податоците, во овој суд досега се воделе 17 предмети за истото дело, од кои 8 се завршени со условни санкции, а само во два предмети се изречени затворски казни. Согласно член 244-а став 6 од Кривичниот законик, изградената недвижност деловен објект – административен објект на Локалната Самоуправа која се наоѓа на КП.бр.612 за КО Карпош, на ул.„Радика“ бр.9, Барака 1 и 2, се одзема во корист на Република С. Македонија. Судот го осуди обвинетиот С. Ј и за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. со став 1 в.в.со член 45 од Кривичниот законик, на казна затвор во траење од 3 – три години. Со оглед дека на обвинетиот С.Ј му се суди истовремено за две кривични дела, судот откако претходно ги утврди казните за секое дело одделно, па за двете дела му изрече единствена казна во траење од 3 години и 6 месеци. Во изречената казна затвор на обвинетиот му се засметува и времето поминато во куќен притвор, соопшти Судот.

Освен Јакимовски пресуда е донесена и за претходно вработен во општината, Т.Ѓ. условно осуден на казна затвор од две години која нема да се изврши доколку во следните 5 години не стори ново кривично дело.

Двајцата обвинети солидарно се задолжени да ја надоместат штетата на Буџетските средства на Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија КЗК со апел: Трговците мора да ги прекинат нефер практиките
Следна Статија (Видео) Снимен моментот на земјотресот во Истанбул во емисија во живо, новинарката во паника

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Судењето против поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози одложено за 5 септември

Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување…

July 11, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО)Трагедија во Кочани: Се запали дискотека, бројот на настрадани е голем

Ноќеска околу 3 часот по полноќ во Диско клубот Пулс во Кочани се случил катастрофален и трагичен пожар. Стравични сцени…

March 16, 2025
ХРОНИКА

ДЗСИ: Нема пропусти во случајот со бебето од Струмица

Вонредниот инспекциски надзор на Државниот и здравствен инспекторат не утврди пропусти во случајот со бебето старо осум дена кое почина…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Штип во шок: 12-годишно девојче малтретирано три месеци, се снимено на телефон

Во СВР Штип вчера е пријавен шокантен случај на малтретирање на 12-годишно девојче од страна на 13-годишна малолетничка, на која…

September 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?