Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска на пролетните средби во Вашингтон: Носителите на политиките ќе разговараат за светската економија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска на пролетните средби во Вашингтон: Носителите на политиките ќе разговараат за светската економија
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на пролетните средби во Вашингтон: Носителите на политиките ќе разговараат за светската економија

Објавено April 23, 2025 17:00
Сподели
Сподели

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводат делегацијата којашто ќе ја претставува нашата земја на Пролетните средби на групацијата на Светската банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), коишто се одржуваат во Вашингтон, САД. Во состав на делегацијата учествуваат и вицегувернерите Фадил Бајрами и Ана Митреска.

Гувернерката и вицегувернерите веќе остварија средба со претставници на Федералните резерви на Њујорк ‒ најголемата банка во американскиот ФЕД. Разговараа за уште подобра соработка, особено за плаќања и трансакции во долари, како и за начините за управување со државните хартии од вредност. Се зборуваше и за заедничка работа во области како што се монетарната политика, управувањето со девизните резерви и ризиците и новите трендови во банкарството.

Гувернерката со вицегувернерите ќе имаат повеќе состаноци со претставници на ММФ. Делегацијата треба да оствари средби со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот и алтернативниот извршен директор, Хероен Клик и Марникс ван Риј, како и со тимот на ММФ за нашата земја. Гувернерката и вицегувернерите ќе остварат средби и со претставниците на одделите за статистика, за монетарни и капитални пазари и правни работи при ММФ, на кои ќе се споделат досегашните достигнувања од заемната успешна соработка.

Во рамките на Пролетните средби, делегацијата ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани, директорката за Западен Балкан во СБ, Шијаочинг Ју. Делегацијата ќе присуствува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.

Гувернерката и вицегувернерите ќе имаат средби и со претставници на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), заради размена на искуства за засилување на активностите за финансиска и родова вклученост. Претставниците на Народната банка ќе учествуваат и на тркалезната маса на Светската банка за зајакнување на регионалната соработка во доменот платежните системи.

Пролетните средби се значајна можност за носителите на економските политики од целиот свет да разговараат за важни и актуелни теми. Особена важност имаат состаноците на Светската банка и ММФ, каде што се разгледува напредокот во нивната работа. Темата оваа година е: „Работа – патот до успехот“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанец ја следел неговата поранешна сопруга, психички ја вознемирувал и ја застрашувал
Следна Статија Кривична пријава против директор на јавно претпријатие во Делчево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија Пат е во многу лоша состојба – после избори ќе го реконструираме претпријатието

Планираме целосна реконструкција на Јавното претпријатие “Македонија пат” веднаш по изборите. Претпријатието има наследени милионски долгови и потребно е итно…

August 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Работилница на Народната банка во Стопанската комора: Практични аспекти и предизвици за компаниите при вршењето плаќања преку СЕПА

Во соработка со Стопанската комора на Република Македонија, Народната банка организира работилница за деловната заедница. Целта беше компаниите да се…

January 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Владата во моментов преговара со 15-тина странски компании за инвестирање во Македонија

Рекордно ниво на странски инвестиции во 2024-та од една милијарда евра и најави за инвестициски бум годинава. Со 8 нови…

January 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во јули граѓаните повеќе се задолжувале за потрошувачки и станбени кредити, а помалку за автомобилски

Долгот на граѓаните и компаниите кон банките во јули се искачи на 8,546 милијарди евра. Од нив 4,200 милијарди евра…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?