Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Влада: Имаме редовна комуникација со владините партнери, средба со АА по први мај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Влада: Имаме редовна комуникација со владините партнери, средба со АА по први мај
ПОЛИТИКА

Влада: Имаме редовна комуникација со владините партнери, средба со АА по први мај

Објавено April 23, 2025 18:39
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во моментов има редовна комуникација со членовите на Владата, велат од премиерскиот кабинет за МИА. Оттаму повторуваат дека средба поврзана со тоа дали АА и министерот за здравство ќе останат дел од Владата се очекува да има по 1 мај.

Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи денеска во изјава за медиумите истакна членовите на Владата од Алијансата на Албанците предводена од Арбен Таравари засега остануваат во владиниот тим и оти работата во извршната власт продолжува нормално.

АА е во Владата, нема планови за промена на нашите позиции во Владата. Продолжуваме со работа, секојдневно, како ништо да не е сменето. Вчера имавме владина седница на која не беше кажана ниту една загриженост, рече Фетаи на настан за одбележување на Меѓународниот ден на книгата во Куманово.

Вицепремиерот потврди дека премиерот Христијан Мицкоски наредните денови ќе има одделни средби со коалициските партнери АА, ВЛЕН и ЗНАМ.

Тој (Таравари) има секојдневни контакти со премиерот Мицкоски и коалициските партнери. Некои од нас кажале, и јас велам дека соработката продолжува во Владата. Ние продолжуваме да ја работиме нашата работа, како ништо да не се случило, а верувам дека сте ги виделе и пишувањата во медиумите дека во наредните денови премиерот ќе има консултации, одделно со партиите, со коалицијата ВЛЕН, Алијансата за Албанците, ЗНАМ. Засега ништо не е променето, до консултациите што се очекуваат да се случат во наредните денови. Верувам дека нема простор за еднострани потези од ниту една партија и дека мора да се размислува за стабилноста на оваа Влада. АА со своите петмина пратеници е клучна за стабилноста на овој состав, рече тој.

Прашан како Алијансата за Албанците на Таравари ќе настапи на локалните избори, односно дали ќе коалицира со опозициските партии, Фетаи потенцира дека во оваа фаза не сака да прејудицира и оти нивната партија ќе најде решение за најдобрата понуда за граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре сè ќе ви оди од рака: Ова се адетите за четвртокот по Велигден кој е најсреќен во годината
Следна Статија Aлександар реагираше до судот: Палевски да престане да го злоупотребува моето име за да се одбрани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ реагира за пругата која треба да се прави со британските пари

Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој повеќе лаже. Мицкоски пред два дена најави дека пругата од британскиот кредит ќе започне…

June 19, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Каја е чесна и работлива, глас за неа е глас за чисто Скопје

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска беше на промоција на изборната програма на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје,…

September 28, 2025
ПОЛИТИКА

Taравари нема да биде кандидат за градоначалник на Гостивар, туку актуелниот в.д Лимани

Арбен Таравари, лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, синоќа на собирот со граѓани „Се среќаваме во Гостивар, посочи дека…

June 27, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ бара Обвинителството да отвори предмет за Славески и двајца вицегувернери во НБРМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) бара Обвинителството да отвори предмет и да го испита непостапувањето на гувернерот на Народната банка,…

March 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?