Премиерот Христијан Мицкоски се огласи по завршувањето на меѓувладината седница помеѓу македонската и Владата на Унгарија.
Седницата којашто ја предводевме со премиерот Виктор Орбан на која заедно со министрите се разгледаа важни прашања од заеднички интерес.
Се дискутираше за соработка со фокус на економската соработка, инфраструктурните проекти, културната размена како и борбата против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски.