Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Никогаш не сме се бореле само за фотелји туку за да ги решаваме проблемите на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Никогаш не сме се бореле само за фотелји туку за да ги решаваме проблемите на граѓаните
ПОЛИТИКА

Филипче: Никогаш не сме се бореле само за фотелји туку за да ги решаваме проблемите на граѓаните

Објавено April 27, 2025 10:13
Сподели
Сподели

Граѓаните ќе кажат дали Венко Филипче ќе ја направи СДСМ победничка партија, а јас ќе дадам сè од себе да ја консолидирам партијата по патот по којшто веќе започнавме. Дали е тој пат изоден целосно, не е апсолутно. Сè уште имаме простор да работиме и ќе работиме и во следните години, не само сега во пресрет на локалните избори.
Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју во Тема на денот на Дневникот на Сител Телевизија. Во таа насока тој потенцираше:

Никогаш не сме се бореле за фотелји, само за да бидеме на власт како што е тоа сега. Туку, сакаме да ја добиеме довербата на граѓаните за да ги решаваме проблемите во нивни интерес“.
Филипче вели дека тој и СДСМ имаат обврска да работат многу интензивно имајќи предвид во каква состојба се наоѓа државата и како владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата.

Неконтролиран раст на цените, намален животен стандард на граѓаните, плати кои стагнираат, згора на тоа и не се исплаќаат, неисплаќање на ДДВ за компаниите се само дел од критиките што Филипче ги упати за начинот на кој власта ја води државата.
„За жал, би рекол дека државата се наоѓа во многу тешка, како никогаш досега, и економска, меѓутоа и една длабока општествена криза. Гледаме дека владата тешко се справува со проблемите коишто граѓаните ги чувствуваат во делот на стандардот, платите, коишто никако не се помрднуваат од место. Во некои институции дури не се ни исплаќаат. Има институции кои не исплатиле плата во законски предвидените рокови. Владата како да не се грижи за тоа“, потенцира Филипче.

Покрај лошите економски политики, претседателот на СДСМ истакна дека власта врши и целосна партизација на институциите.

„Драматична и бескрупулозна е партизацијата на институциите каде доколку не сте член на ВМРО-ДПМНЕ или која било друга партија од владејачката коалиција вие сте деградирани и преместувани да работите дури во други градови на 100 километри дистанца од вашето место за живеење“, изјави Филипче.

Сите овие лоши параметри се прикриваат со владината пропагандна машинерија, односно фабрика за илузии како што ја нарече Филипче.

„Вклучена е на максимум пропагандната машинерија на власта. Меѓутоа граѓаните знаат дека практично не можат да врзат крај со крај. Можат да живеат во месецот до 10– 15-ти. После тоа ужасно тешко се живее во државата“, истакна Филипче во интервјуто.

Токму затоа СДСМ има обврска интензивно да работи и да ја врати довербата на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Санторини лежи на вулканска бомба: Многумина туристи ги откажале летните резервации
Следна Статија Две третини од испитаниците ја поддржуваат владината мерка за замрзување на маржите на дел од производите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Не помина интерпелацијата за вицепремиерот Иван Стоилковиќ

Собранието со седум гласа „за“ и 52 „против“ ја отфрли интерпелацијата за првиот потпретседател на Владата и министер за односи…

January 10, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков тврди: Цел сум на хибриден напад од Бугарија и од дома!

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ од Кочани, Миле Лефков ги демантира пишувањата на медиуми во Бугарија дека, наводно, повеќе членови…

July 23, 2025
ПОЛИТИКА

Лукаревска: ДУИ да не се заканува – нека останат во длабока опозиција

„Слушаме за шатори пред Уставен суд или имаме одредени изјави за можни немири. Сега најново е најава за некакви протести…

May 6, 2025
ПОЛИТИКА

Салиу: Беким Сали наскоро ќе стане премиер на Албанците во Северна Македонија

Пратеничката Имерлије Салиу објави дека премиер на Албанците во Македонија наскоро ќе биде Беким Сали, кој се очекува да стане…

November 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?