На аукцијата беа претставени шеесетина уметнички дел, од над 140 што се најдоа на изложбата.
Аукцијата помина успешно и најголем дел од понудените уметнички дела дoбија нови сопственици и се продадоа по повеќекратно наддавање, при што за дел од нив беа понудени и по неколку десетини илјади денари. Највисок износ од 300 илјади денари беше постигнат за ликовно дело на уметникот Михаил Корубин.
Делата што не се продадоа на аукцијата, во соработка со SupportKocani, ќе бидат објавени во дигитална форма и ќе се понудат на електронска аукција, за да можат да учествуваат и наши граѓани од дијаспората, кои исто така покажале интерес да помогнат на овој начин.
На настанот присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, лидерот на СДСМ Венко Филипче, Павле Арсовски од ЗНАМ, градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, в.д. градоначалникот на општина Кочани Венко Крстевски и претставници на компании…