Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Северна Кореја потврди дека испратила војници во Русија да се борат против Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Северна Кореја потврди дека испратила војници во Русија да се борат против Украина
СВЕТ

Северна Кореја потврди дека испратила војници во Русија да се борат против Украина

Објавено April 28, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Северна Кореја за првпат официјално потврди дека испратила свои војници во Русија за поддршка на Москва во војната против Украина, во рамки на нивниот договор за взаемна одбрана, јави јужнокорејската агенција Јонхап.

Според државната севернокорејска новинска агенција КЦТА, испраќањето на војниците било наредено од лидерот Ким Џонг-ун.

Ова е прва официјална потврда на присуството на севернокорејски војници во Русија, неколку месеци откако илјадници нивни војници беа распоредени во Курската област за борбени дејства.

„Операциите за ослободување на Курската област за одбивање на авантуристичкиот упад на украинските власти во Руската Федерација завршија успешно“, соопшти КЦТА, додавајќи дека припадниците на вооружените сили учествувале во операциите по наредба на Ким Џонг-ун.

Во изминатите недели украинските сили се повлекуваа во овој регион, додека руската армија полека напредуваше.

Украинските сили претходно имаа заземено неколку стотици квадратни километри на руска територија, вклучувајќи и клучна пумпна станица за транспорт на руски гас кон Европа.

Украинските лидери ја оправдаа оваа офанзива со цел да добијат подобра преговарачка позиција. Наскоро потоа, претседателот Володимир Зеленски предложи територијална размена, која Москва веднаш ја одби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клуч за последното казино во Шведска
Следна Статија РК Алкалоид испиша историја – ќе игра европско финале!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Унгарскиот премиер Маѓар плукнат среде пренос во живо

Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска беше плукнат од минувач додека одеше кон прес-конференција посветена на планот за развој на железницата…

July 22, 2026
СВЕТ

Трамп со остра порака до Иран: Ако не го прифатат договорот, ќе ги срушиме сите електрани и мостови

Американскиот претседател Доналд Трамп упати директна закана кон Иран доколку официјален Техеран не го прифати предложениот договор од Вашингтон. Откако…

April 19, 2026
СВЕТ

Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама

Поранешната шефица за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, и уште две лица се ослободени откако беа приведени на сослушување…

December 3, 2025
СВЕТ

Рекорд во Москва – регистрирани 34,6 степени

Во Москва денеска е измерена температура од 34,6 степени Целзиусови, со што е соборен температурниот рекорд поставен пред 122 години,…

July 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?