Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Црна Гора просечната нето плата достигна 1003 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Црна Гора просечната нето плата достигна 1003 евра
БАЛКАН

Во Црна Гора просечната нето плата достигна 1003 евра

Објавено May 1, 2025 09:56
Сподели
Сподели

Просечната бруто плата во март годинава во Црна Гора изнесувала 1.195 евра, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 1.003 евра, објави Дирекцијата за статистика МОНСТАТ.

„Просечната нето плата во март во споредба со февруари бележи раст од 0,1 процент, додека во споредба со истиот месец од претходната година, бележи раст од 21,6 проценти.“

„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во март во споредба со февруари забележаа раст од 0,3 проценти, следува дека реалната заработка за истиот период се намалила за 0,2 проценти“, посочија од МОНСТАТ.

Најголемо месечно зголемување на просечните плати е забележано во бизнисот со недвижности (17 проценти), а најголемо намалување на платите е забележано во секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5,2 проценти).

Просечните плати во регионот

Просечната месечна нето-плата по вработен во Северна Македонија во февруари 2025 година достигна 43.053 денари, односно околу 700 евра, покажуваа најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Ова претставува зголемување од 9,6 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Имајќи предвид дека просечната плата во Србија, според официјалните податоци за февруари, изнесувала 103.519 динари, следува дека црногорскиот просек е за околу 15.000 динари, или околу 130 евра повисок од српскиот.

Во Грција, пак, просечната месечна плата изнесува 1.342 евра, но економистите истакнуваат дека и покрај позитивните трендови, таа сè уште е за околу 10% пониска од нивото пред кризата во 2010 година. Владата најави планови за зголемување на минималната плата на 950 евра, со цел просекот да достигне 1.500 евра.

Бугарија пак има просечна бруто месечна плата (декември 2024): 2.468 лева (~1.261 евра), а просечна нето месечна плата (декември 2024): 1.915 лева (~980 евра)​

Овие податоци се преземени од Националниот статистички институт на Бугарија и се однесуваат на декември 2024 година .

Во Албанија просечна бруто месечна плата (четврти квартал 2024): 83.401 леки (~830 евра)​

Според податоците од Институтот за статистика на Албанија (INSTAT), ова претставува зголемување од 11,2% во споредба со истиот период претходната година .

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
Следна Статија ССМ пред Собранието побара измени на Законот за минимална плата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Атина судири меѓу полицијата и граѓаните, уапсени 72 лица

Во предградието на Атина, Егзархија, околу полноќ дошло до судири меѓу полицијата и група непознати лица во близина на полициската…

April 13, 2025
БАЛКАН

Тројца тинејџери загинаа во Косово откако се урна таван на напуштена куќа

Тројца малолетници загинаа откако се урна таван во напуштена куќа во југоисточниот дел од Косово по што полицијата почна истрага…

February 2, 2025
БАЛКАН

„Балкане Балкане мој“: Пропадна Самитот за Западен Балкан поради тендер за организацијата

Советот на министри го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на тој…

November 28, 2024
БАЛКАН

Данка Илиќ не е меѓу децата пронајдени во Брчко

 Вршителот на должност јавен обвинител на Дистриктот Брчко, Радмило Ивановиќ, изјави дека е утврден идентитетот на 19 од вкупно 31…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?