Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Субвенции за струја побарале 745 домаќинства – во јуни ќе се знае кои од нив ќе добие по 1000 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Субвенции за струја побарале 745 домаќинства – во јуни ќе се знае кои од нив ќе добие по 1000 денари
ЕКОНОМИЈА

Субвенции за струја побарале 745 домаќинства – во јуни ќе се знае кои од нив ќе добие по 1000 денари

Објавено May 2, 2025 10:52
Сподели
Сподели

Kои домаќинства ќе добијат субвенции за електрична енергија ќе се знае во јуни кога ќе биде објавен и конечниот список, информира Министерството за енергетика.

Досега се пристигнати и првично прегледани вкупно 745 апликации за двете категории. Вкупно 488 апликации се од домаќинства со деца со попреченост. Од нив 344 ја имаат доставено потребната документација, а 144 се одбиени по различни основи.

За згрижувачки семејства, пристигнати се 257 апликации, од кои 110 се со уредна документација, а 102 се одбиени.

Според Министерството, по завршување на проверката на документацијата ќе следи дополнителна проверка на податоците со УЈП, Министерството за труд и социјална политика и ЕВН Хоум.

Очекуваме во јуни 2025 година да бидат објавени конечните списоци за двете категории на домаќинства, по што ќе отпочне исплатата на субвенциите, велат од Министерството за енергетика.

Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, предвидува секое домаќинство кое ги исполнува критериумите да добие субвенција од 1.000 денари месечно за покривање на дел од трошоците за електрична енергија, во траење од 12 месеци.

Оваа финансиска поддршка, како што се наведува, е дел од заложбата на Министерството за системска и правична помош за ранливите семејства, со јасно таргетирани мерки кои директно ги намалуваат енергетските трошоци на најзагрозените категории граѓани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Следна Статија Пожарникарите поставија оџак на покривот на Сикстинската капела во Ватикан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП: Поднесување ДДВ-04 пријави и плаќање даночен долг до 25 август 2025

Управата за јавни приходи (УЈП) апелира сите даночни обврзници на време да ги поднесат ДДВ-04 пријавите и да го платат…

August 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Словенија бара доктори, негуватели, медицински сестри, градежници, водоинсталатери од Македонија

Словенија бара работници од Македонија за потребите на тамошните компании Се бараат доктори, негуватели, медицински сестри и браќа, возачи, градежни…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Зошто Македонија треба да биде енергетски независна?

Енергетската независност станува приоритет за многу земји, а за Македонија, која се соочува со предизвици во снабдувањето со енергија и…

November 15, 2024

Вистинската битка во вештачката интелигенција не е во чиповите – туку во ефикасноста на пресметката

Компанијата има структурална предност во трошоците која ја позиционира како најголем добитник во областа на вештачката интелигенција

November 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?