Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОЈО поведе постапка: Притвор за зетот на Зоки Фаци, со бензин ги полеал влезните врати на викендицата и станот и ги запалил
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ОЈО поведе постапка: Притвор за зетот на Зоки Фаци, со бензин ги полеал влезните врати на викендицата и станот и ги запалил
ХРОНИКА

ОЈО поведе постапка: Притвор за зетот на Зоки Фаци, со бензин ги полеал влезните врати на викендицата и станот и ги запалил

Објавено May 3, 2025 11:43
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, на 2 мај во утринските часови, во викенд – куќа во селото Катланово и во стан во зграда во Скопје, кои се во сопственост на неговата сопруга со која биле разделени и со која водел бракоразводна постапка, со пожар предизвикал значителна опасност за животот на луѓето. Иако бил свесен дека поради неговото сторување може да настапи штетната последица, се согласил со нејзиното настапување и откако еден ден претходно телефонски се заканувал на оштетената и на нивниот син, на критичниот ден со бензин предизвикал пожар најпрво пред влезната врата на викенд-куќата, соопшти ОЈО Скопје.

Пожарот се проширил и во внатрешноста на куќата, а потоа осомничениот се упатил кон Скопје и на сличен начин предизвикал пожар пред влезната врата на станот.

Откако ги сторил делата, ја известил оштетената дека ги опожарил двата објекти. Таа јавила на соседи во зградата кои почнале веднаш да го гасат и спречиле пожарот да се прошири кон другите станови од зградата. Ценејќи дека околностите под кои е извршено кривичното дело кое му се става на товар на осомничениот се одликуваат со изразита пресметаност и висок степен на кривична одговорност, како и дека постои реална опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави
Следна Статија Ахмети не знае каде се бегалците Груби и Бајрами, вели дека не е истражен орган

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тешко повредена жена во лифт во зградата на МРТВ

Вчера во Градската општа болница Св.Наум Охридски била донесена Е.Т.(52) од Скопје. Според информацијата од полицискиот билтен, жената се здобила…

September 4, 2025
ХРОНИКА

Правеле далавери со давачките за увоз на половни возила: Кривични за 11 лица во Куманово

Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до…

September 18, 2025
ХРОНИКА

Пандов: Во некои затвори над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани, за девет месеци најдени околу 1.000 телефони

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов смета дека проблемот со телефоните, дрогата и останати недозволени работи по…

April 9, 2025
ХРОНИКА

Приведен 43-годишник, управувал возило со 3,32 промили алкохол и предизвикал сообраќајка

На 17.10.2025 во 19:20 часот, во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишија од слобода С.Ф.(43) од…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?