Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: За две и пол години ќе имаме завршен автопат Тетово-Гостивар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: За две и пол години ќе имаме завршен автопат Тетово-Гостивар
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За две и пол години ќе имаме завршен автопат Тетово-Гостивар

Објавено May 3, 2025 14:19
Сподели
Сподели

Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово-Гостивар, дел од коридор 8. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на почетокот на градежните работи.

Автопатската делница ќе биде долга 17,5 километри, а вредноста ќе изнесува околу 90 милиони евра. Прoeктот предвидува шест сообраќајни ленти, три во секој правец, односно две возни ленти и една за застанување.

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Навистина е задоволство кога се почнуваат нови проекти. Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово-Гостивар. Ова десно од нас, ние сите го нарекувавме автопат во минатото, но не беше автопат, беше еден експресен пат. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава. Сакам да споделам два факти со вас. Во јуни 2024 година кога беше формирана оваа Влада, вкупно беа експроприрани 560 парцели на трите делници. Денеска во април 2025 година имаме 2497 парцели експроприрани, прогресот е помножен некаде пет пати. Тоа значи дека отвораме фронт за работа на делницата Тетово-Гостивар 17,5 километри, на Гостивар – Букојчани 14,7 километри и Прилеп-Битола 29 километри или планот до ова лето активно да се работи на изградба на автопати во рамки на коридорите 8 и 10 д некаде од 65 до 68 киломтери, што мислам дека ќе се согласите е огромен прогрес. Тајната е многу едноставна, се вика работа и подршка. Сакам лично да се заблагодарам на премиерот за подршката на дневна основа. Ние на дневна основа се координираме за овој и за останатите големи проекти. Сакам да се заблагодарам на ЈП за државни патишта, на Проектната единица и директорот Трајановски, на цел тим кај мене во Министерството за транспорт и на целата Влада затоа што ова е заеднички напор и успех. А успесите доаѓаат со заедничка формула, ние заедно со тимот на Бехтел и Енха секоја недела или во најлош случај еднаш на две недели одржуваме големи состаноци на кои заеднички ги координираме работите, гледаме што сме завршиле и си даваме задачи за следниот период. Потоа на дневна основа ги решаваме проблемите и скоро секој ден комуницираме. Следниот ваков состанок е вторник затоа што имаме многу работа пред нас. Нека е со среќа”- изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сто приведени по масовна тепачка на навивачи на Динамо и Хајдук (ВИДЕО)
Следна Статија Познати кандидатите за нов македонски судија во Стразбур

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на министерката Димитриеска- Кочоска за Предлог -буџетот за 2025 година

Проследете ја прес – конференцијата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска во Медија Центарот на Владата, посветена на Предлог…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Европската централна банка ја намали основната каматна стапка на 3,25 отсто

Европската централна банка (ЕЦБ) вчера ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,25 отсто, при што инфлацијата…

October 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Желбата на министерот за економија Дурмиши е минималецот да биде 600 евра, но ќе се преговара за 450 евра. Она…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Седницата, според веб страницата на…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?