Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата
ПОЛИТИКА

За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата

Објавено May 5, 2025 08:35
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локални избори.

За него, како што напомена, е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ.

Таква средба ќе има следната недела, мислам дека е утре. Треба да го погледнам распоредот, но мислам дека е утре. На средбата јасно сакам да слушнам став дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Таравари и ДУИ дека во најмалку пет или шест општини, да не ги шпекулирам имињата, каде што тој ќе извади кандидати, ДУИ нема да има свои кандидати за градоначалници што прво значи себепонижување, како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене како претседател на Владата е неприфатливо, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев.

Тој и Таравари, дополни, како колеги во Владата имаат секојдневна комуникација.

Мицкоски информира и дека во втората половина од месецов пред Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со имињата на кандидати за градоначалници за локалните избори што треба да се одржат во октомври.

Алијансата за Албанците предводена од Таравари реши на претстојните локални избори да настапат со свои листи за советници. По оваа одлука, неговите коалициски партнери во ВРЕДИ одлучија Коалицијата да стане партија, но без Алијанса, а Таравари го обвинија за контакти со опозициската ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп нареди повторно да се отвори Затворот Алкатраз, кој не работи од 1963
Следна Статија 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Тврдењата на Мицкоски за раст на платите се навреда за граѓаните

СДСМ остро ги критикува изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека „платите растат по 11, 12 и 13 проценти…

August 16, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: ЗНАМ го поддржува премиерот дека Македонија не може да прави веќе отстапки на патот кон ЕУ

Лидерот на „ЗНАМ“ Максим Димитриевски е на иста линија со премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија нема да прави повеќе отстапки…

December 15, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче не сака предвремени парламентарни избори

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека неговата партија нема да биде алиби за одржување предвремени парламентарни избори и оцени…

June 21, 2026
ПОЛИТИКА

Градоначалниците од СДСМ, Герасимовски и Христовски ќе бидат во трката за нов мандат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата веќе работи на подготовките за претстојните локални избори, со јасни критериуми за…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?