Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Девет од македонските кандидати за судија во Стразбур испаднаа по првата проверка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Девет од македонските кандидати за судија во Стразбур испаднаа по првата проверка
МАКЕДОНИЈА

Девет од македонските кандидати за судија во Стразбур испаднаа по првата проверка

Објавено May 5, 2025 19:45
Сподели
Сподели

Комисијата задолжена за избор на македонски кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права денеска одржа втор состанок во просториите на Министерството за надворешни работи, на кој биле разгледани сите кандидатури пристигнати во предвидениот рок.

Според информациите на телевизија Телма, од 21 кандидат, 9-мина отпаднале бидејќи не ги исполниле критериумите и условите предвидени во Јавниот оглас, кои што се во согласност со насоките и стандардите од Советот на Европа. Останатите 12 кои ги исполниле условите во среда ќе бидат повикани на интервју, по што ќе следува изборот на тројца кандидати кои како предлог-листа ќе бидат доставени до владата.

Меѓу оние што не ги исполниле условите има и судии, обвинители, адвокати и правници по професија. Никој не кажува кои кандидати продолжуваат на интервју, а кои испаднале на конкурсот. Меѓу 21-те кандидати беа обвинителката Ленче Ристовска, судијките Оља Ристова, Габриела Гајдова и Едита Насковска, поранешниот претседател на ДИК, Александар Даштевски, адвокатите Тони Менкиновски, Валентин Пепељугоски, Ирена Ристиќ, поранешна директорка на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер-Дамјановска и други правници.

Од МНР без детали за одлуката од состанокот, но во одговор за Телма потврдија дека ќе се одржат интервјуа со кандидатите во текот на оваа недела.

-Денес се одржа вториот состанок на Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, а со цел прелиминарно разгледување на пристигнатите апликации, со цел утврдување на комплетноста и навременоста на поднесените апликации, односно исполнетоста на потребните формални критериуми и услови предвидени во Јавниот оглас, а согласно насоките и стандардите од Совет на Европа. Во текот на оваа недела, предвидено е одржување на интервјуа со кандидатите кои ја поминаа првичната фаза од процесот, ни одговорија од МНР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Снежана Коневска-Руси е добитник на наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“
Следна Статија Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет, тврди министерот за одбрана на БиХ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Облечи ја униформата со гордост“- Возобновеното полициско училиште ќе прими 200 ученици

„Облечи ја униформата со гордост!“ е мотото на  јавниот повик на Министерството за внатрешни работи за прием на 200 ученици во…

July 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

ГОРДИ СМЕ НА НАШАТА АРМИЈА: Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски предновогодишно со македонските мировници и нивните семејства

Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски,…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

14 години без Киро Глигоров: првиот претседател на независна Македонија

Денеска се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Делегација на Собранието, во…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кошта ни порача дека е време за чекор напред

Вашата земја е кандидат за членство во ЕУ многу години, време е да се направи чекор напред, вели во официјалното…

May 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?