Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) – празник на обновување на природата и животот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) – празник на обновување на природата и животот
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) – празник на обновување на природата и животот

Објавено May 6, 2025 08:28
Сподели
Сподели

Православните христијани во земјава денеска го слават големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, маѓу народот познат како Ѓурѓовден. Денот на светиот великомаченик Георгиј секоја година се празнува на 6 мај според новиот (или на 23 април според стариот) календар. Во народната традиција Ѓурѓовден се смета и за празник на обновувањето на природата, раззеленување на вегетацијата и враќање на животот по пасивниот зимски период.

Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др.

Според неговото житие од календарот на МПЦ-ОА, свети Георгиј Победоносец е роден во Кападокија од богати и благочестиви родители околу 270 година. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина.

Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан. Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин. Царот го фрли во затвор, па нареди нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен. Потоа нареди и го врзаа на тркало под кое имаше штици со големи клинци и така го вртеа додека целото тело не му се направи една голема рана. По ова го закопа во ров, така што надвор од земјата му беше само главата и го остави во ровот три дена и три ноќи. Потоа со помош на некој магионичар му даде да испие смртоносен отров. Но при сите овие маки Георгиј непрестајно Го молеше Бога и Бог веднаш го исцелуваше и на големо одушевување на народот, го спасуваше Својот маченик од смртта. Кога Св. Георгиј воскресна и еден мртовец, тогаш многумина ја примија верата во Христа. Меѓу овие беше и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Балериј, Донат и Терин. Најпосле царот ги осуди Свети Георгиј и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивна на губилиштето пред да ја убијат. Свети Георгиј е погубен на 6 мај (23 април) 303 година и секоја година на овој датум Светата црква го празнува споменот на својот великомаченик.

Освен празникот Ѓурѓовден што се слави на 6 мај (23 април) нашиот народ одбележува уште два празника поврзани со овој светител и тие спаѓаат во зимскиот период кога се празнува со домашни служби (слави). На 16/3 ноември, на денот кога е обновен храмот на св. Георгиј во Лида, се празнува празникот познат како Ѓурѓиц, а на 9 декември (26 ноември, с.с.) празникот познат како Св. Ѓорѓи – Посен.

Тропар

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомачениче Георгие, моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши.

Кондак

Обработен од Бога, ти се покажа како најчесен градинар на верата, и снопови од добродетели собра за себе; откако посеа во солзи, жнееш со веселба; а за борбата што до крв ја водеше, за награда Го прими Христа, и со твоите молитви на сите им даваш прошка на гревовите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За една деценија детската популација во Mакедонија се намалила за 18 проценти
Следна Статија Масовен напад со дронови врз Москва, затворени аеродромите ВИДЕО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Оставката на Дамева не треба да биде исклучок – секој што нема да ја оправда довербата кај граѓаните треба да замине

Овој процес треба да биде динамичен. Секој оној кој нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Абази: Во секој момент чекаме да го идентификуваме или откриеме лицето кое му го дало мобилниот на Васил Јованов

Во специјализираното Одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворската полиција вклучени се јавните обвинители, и…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Градскиот совет на Перт осветлен во боите на македонското знаме

Градскиот совет на Перт го осветли Домот на Советот со македонското знаме во знак на сеќавање на изгубените животи во…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВО ЖИВО) Изјава на Мицкоски од ГП Деве Баир

Денеска 05.10.2024 година (сабота) во 13:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?