Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Tриесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Tриесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија
МАКЕДОНИЈА

Tриесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија

Објавено May 6, 2025 12:11
Сподели
Сподели

Денеска се навршуваат триесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославијa, како припадник на ЈНА, потсетуваат утринава од Музеј галеријата во Кавадарци. Гешовски загина на шести мај 1991 година.  

Гешовски беше роден  во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град. 

– По завршување на средното образование заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА во Сплит – Р. Хрватска. На 6 мај 1991 година во него пукал маскиран припадник на МУП на Република Хрватска и смртно го погодил со 4 куршуми. Гешовски во критичниот момент бил на задача пред зградата на Воено поморската област во Сплит. Тој беше првата жртва во конфликтот што предизвика распад на Југославија во 1991 година. На 7 мај во Кавадарци се одржа протестен митинг,  учествуваше речиси целото население од градот и околината, за да го искажат својот револт за смртта на својот сограѓанин. Палеа свеќи на градскиот плоштад во чест на Гешовски. Неговото тело со воен хеликоптер беше пренесено во родниот град. На погребот присуствуваа повеќе од 20.000 граѓани, дојдени од сите краишта на поранешна Југославија. Во Кавадарци беше прогласена тридневна жалост, споделуваат од Музејот. 

Потсетуваат дека во воениот конфликт во 1991 година, покрај Гешовски, од Кавадарци загина и Петре Тодоровски, роден во 1971 година. Тодоровски загина како припадник на ЈНА на 26 јули 1991 година во касарната Љубљана – Поље, Р. Словенија. Својот млад живот го загуби како војник, додека бил на стража. Во овој конфликт загина и Мишко Митрев, роден во 1954 година во Ваташа. Митрев загина како подофицер во ЈНА во септември 1991 година, при одбрана на касарната во Ѓаково. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде „златната кокошка“ за Македонија
Следна Статија Кривична пријава за поранешниот директор на Здравствен дом Куманово, го оштетил за 350.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На ГП Меџитлија во прекин сообраќајот за товарни возила

Сообраќајот на граничниот премин Меџитлија е во прекин за товарни моторни возила, соопштија утрово од Автомото сојузот на Македонија. Како…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ги охрабрувам припадниците на МВР да продолжат, како и во изминатиот период, да ја спроведуваат правдата насекаде во Македонија

Денеска, ете, имав можност да бидам од овој навистина прекрасен настан. Прекрасен во смисла дека можевме во скратена верзија да…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во вторник во Брисел: Повеќе отстапки немаме намера да правиме, ќе продолжиме да промовираме европски вредности

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во вторник заминува за Брисел, се враќа во четврток, а за пораките од таму…

December 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

АНБ вработува инженери, плата до 60 илјади денари

Агенцијата за национална безбедност вработува инженери, со или без претходно работно искуство за плата од 50.000 до 60.000 денари во…

February 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?