Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Радиоактивното зрачење на одлагалиштето во РЕК Битола не е многу поголемо од дозволените граници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Радиоактивното зрачење на одлагалиштето во РЕК Битола не е многу поголемо од дозволените граници
МАКЕДОНИЈА

Радиоактивното зрачење на одлагалиштето во РЕК Битола не е многу поголемо од дозволените граници

Објавено May 6, 2025 18:27
Сподели
Сподели

Радиоактивното зрачење на одлагалиштето за пепел во РЕК Битола не е многу поголемо од дозволените граници, вели директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност, Зоран Бајовски, одговарајќи на прашањето дали и колку е радиоактивен километарскиот облак од непокриена пепел што ветрот ја разнесуваше низ Пелагонија изминатиот период.

„Македонија нема нуклеарна централа, но не е имуна на природниот фон на зрачење. За РЕК Битола тој фон не е многу поголем од дозволените граници. Извршено е мерење и во 2024 година и сега има вонредено мерење од техничките сервиси и не е многу поголем од дозволениот фон на зрачење“, изјава Зоран Бајовски, директор на Дирекција за радијациона сигурност.

Колку оваа радиоактивност е штетна за вработените на одлагалиштето во РЕК кои секојдневно се изложени, Бајовски вели дека се вршат мерења, не само во индустријата туку и во здравствениот сектор.

Сите работници кои се професионално изложени носат лични дозиметри. Тие се отчитуваат на месечно ниво и извештаите доколку ги надминат дозволените граници, ги добиваме ние. Дозволените граници се до 0,9 микросиверти и во здравство и во индустрија, вели Бајовски.

Од РЕК Битола пак инфомираа дека немало загадување со ПМ 10 честички ниту кога на одлагалиштето имаше поголеми количини непокриена пепел, ниту потоа. Ова го покажало мерењето на акредитирана лабораторија, затоа што немаат мерна станица на таа локација.

„Согласно добиените податоци, констатирано е дека во испитуваниот период не е надмината 24-часовната гранична вредност за заштита на човековото здравје за концентрацијата на суспендирани цврсти честички PM10“ , соопштија од РЕК Битола.

Инаку битолското Обвинителство истражува зошто огромни количини пепел со месеци останаа непокриени на одлагалиштето во дали тоа предизвика загадување на животната средина. Во меѓувреме, Дражавните електрани ја нудат лебдечката пепел како градежен материјал. Минатата година ЕСМ го раскина договорот со Цементарницата УСЈЕ, како што велат поради непочитување на одредбите, а сега објави нов оглас за продажба на овој отпаден материјал кој се добива од согорувањето на јагленот при процесот на производство на струја во РЕК Битола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група
Следна Статија Нуркачи викендов ќе го чистат дното на Охридското Езеро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

СОЗР: Сервисирани се и оперативни сите лифтови во зградата на МТВ

Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) ги сервисираше и стави во целосна функција сите четири лифтови во…

April 7, 2025
BlogБАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАСВЕТ

Продажбата на автомобили во ЕУ опаѓа а во Македонија расте

Good web design has visual weight, is optimized for various devices, and has content that is prioritized for the medium.…

September 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Врховен суд: Граѓаните ќе можат да ја тужат државата пред Управниот суд поради загаден воздух

Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија денеска утврди начелен став за правото на здрава животна средина и загадувањето…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Се подготвуваме за многу нови проекти, нови инвестиции и нови мерки кои ќе донесат позитивни промени

Првите 100 дена од изборот на нашата Влада беа време на сериозни предизвици и нови можности. Се соочивме со наследени…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?