Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Драма во Базел пред почетокот на Евровизија: Од сцена, натпреварувач завршил на итна операција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Драма во Базел пред почетокот на Евровизија: Од сцена, натпреварувач завршил на итна операција
ЗАБАВА

Драма во Базел пред почетокот на Евровизија: Од сцена, натпреварувач завршил на итна операција

Објавено May 6, 2025 22:04
Сподели
Сподели

Норвешкиот претставник на Евровизија, Кајл Алесандро, беше итно опериран по првата проба.

Имено, Кајл Алесандро го заврши својот прв настап во Базел во неделата во неподносливи болки поради тешка инфекција на забите.

За успешно да ја заврши пробата, тој морал да зема силни лекови, а веднаш откако ја напуштил сцената, итно бил префрлен во стоматолошка ординација.

„Едвај можеше да ја отвори устата и зеде силни лекови против болки за да може да ја заврши пробата“, рече водачот на делегацијата Мадс Торклеп.

Како што понатаму изјави, стоматологот дијагностицирал акутна инфекција на непцата и веднаш го отстранил умникот на Алесандро, кој почнал да боли пред една недела.

  • Не размислував многу за тоа и мислев дека веројатно ќе помине по неколку дена, но оттогаш болката стануваше сè посилна и посилна, сè до денес. Го започнавме денот со првата проба во арената и помина исклучително добро. По пробата, повторно почнав да чувствувам силни болки, па имавме итен преглед кај стоматолог, поради што ми го извадија умникот. Стоматологот рече дека треба да одмарам до среда, а потоа сè беше подобро“, рече Алесандро, додавајќи дека поради неговата здравствена состојба, сите негови проби и интервјуа за печатот за понеделник и вторник се откажани.

За потсетување, Кајл Алесандро ќе ја претставува Норвешка на Евровизија со песната „Lighter“ во првото полуфинале на 13 мај и ќе настапи како осми изведувач.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ријана стана „жена од милијарда долари“ благодарејќи на една генијална одлука
Следна Статија Мицкоски се сретна со лидерите на „Влен“, средбата поминала во конструктивна атмосфера

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(Видео) Изразите на лицето на Џорџ Буш на инаугурацијата на Трамп ги преплавија социјалните мрежи

Џорџ В. Буш, поранешен претседател на САД, го привлече вниманието на јавноста благодарение на изразите на лицето за време на…

January 22, 2025
ЗАБАВА

Батко Спасен чувај ми масичка ќе дојдам вечер на свирка кај тебе….: Пејачот се прости од Андреј

Со емотивни и трогателни статуси познатите се простуваат од жртвите кои загинаа во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ кој се…

March 17, 2025
ЗАБАВА

СВ.ВАЛЕНТИН: Дали знаете зошто се прославува Денот на вљубените?

Секоја година на 14.февруари се празнува Св.Валентин. Тоа е ден кога и изразуваме љубов на саканата личност, но знаете ли…

February 14, 2025
ЗАБАВА

Марија Шерифовиќ: Има шанси да добијам Алцхајмерова болест

Пејачката Марија Шерифовиќ откри неколку интимни детали од нејзиниот приватен живот, меѓу кои и фактот дека неодамна направила ДНК тест…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?